Авторски концерт на Љупчо Коскаров на Охридско лето
Авторски концерт на Љупчо Коскаров на уметничка вокално-инструментална музика по повод денот на Македонската книжевност
Љупчо Коскаров – труба
Марина Јаневска – сопран
Илија Белистојаноски – тенор
Иван Трајковски – виолина
Филип Михајловски – канон
Дарко Мариновски – пијано
ПРОГРАМА
- Љ.Коскаров – Деспина – Фантазија бр.1 – tempo rubato, moderato, allegretto
- Љ.Коскаров – Дафино – Фантазија бр.2 – ad libitum, moderato, allegretto, finale allegro
- Љ.Коскаров – Налеј, налеј – Свита бр.4 – scherzo, tempo di valse, finale vivace
- Љ.Коскаров – Виртуозни варијации – Фантазија бр.4 – allegro vivo,presto
- Љ.Коскаров – Чифликот – Фантазија бр.6 – allegro, vivo
- Љ.Коскаров – Тиквешки марш – Свита бр.5 – tempo di marcia, moderato, allegro
Љупчо Коскаров – автор и труба
Спаѓа во редот на најистакнатите македонски уметници од областа на музичката уметност. 20 год е член на Македонската филхармонија како прв трубач и солист во оркестарот. Соработувал со голем број на диригенти, пијанисти и други инструменталисти. Остварил голем број на солистички концерти како солист, со камерен ансамбл и во камерни дувачки состави. Реализирал поголем број на тонски записи (ЦД-а и телевизиски снимени програми).
Учествувал на најпрестижните наптревари и се усовршувал на семинари и мастер класови во Минхен-Германија кај Р.Гетлер,во Париз-Франција кај М.Андре, Абердин-Англија кај Џ.Дикенсон и учествувал на сите големи натпревари во Љубљана, Загреб, Белград и Скопје и освоил 2 први сојузни награди (Љубљана и Скопје).
Студирал во Љубљана кај проф.А.Грчар и Скопје кај проф.С.Савев, магистрирал во Софија кај А.К.Македонски, а во 2010 година докторирал на тема ,,Образованието по труба во Р.Македонија“ и се стекнал со највисокиот степен ,,Доктор на науки“.
Во моментот работи како редовен професор на Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима и е Декан на Факултетот за музика.
Програмата за концертот е составена од македонска уметничка музика која е инспирирана и посветена на таткото на авторот Блажо Коскаров – познат кларинетист од Кавадарци кој оставил силни пораки и чувства за музичкото наследство врз својот син и идните музички таленти. Музиката е компонирана во период од 5 години, снимена е аудио, се со цел да не се заборават овие прекрасни традиционални музички теми кои што живееле 200 години наназад низ историјата.
Овие оригинални композиции претставуваат заштита на македонското музичка литература и се вбројуваат во вечноста на светската музичка литература.
Марина Јаневска – сопран
Марина Јаневска – дипломира на Факултетот за музичка уметност Штип во класата на реномираниот професор Борис Трајанов каде и магистрира.
Денес работи како доцент на истиот факултет и бележи значајни резултати со своите студенти. Исто така работи и како солист во МОБ каде учествува во повеќе проекти на оваа оперска куќа.
Бележи значајни настапи во државата и регионот на повеќе фестивали и манифестации како ,,Скопско лето“, ,,Штипско лето“ , ,,Денови на македонска музика“ и други манифестации.
Илија Белистојаноски – тенор.
Добитник е на прва државна награда на натпреварот за камерна музика во Скопје. Учествува на фестивалот ,,Езерски бисери’’ каде што ја освојува првата награда и патување во Москва. Во Москва ја освојува третата награда од стручното жири на меѓународниот фестивал ,,Отктитаја Европа’’ во категорија класичен вокал.