Балетска претстава „ Кармен свита и Болеро“ Бизе / Равел
Балетска претстава
Кармен свита и Болеро
од Жорж Бизе и Морис Равел
Кореографија: Александар Илиќ
Опера и театар „Мадленијанум“ – Србија
Балетот „Кармен свита“ претставува адаптација на познатата опера на Бизе, „Кармен“, раскажувајќи ја страсната приказна за неограничената и предизвикувачка Кармен, симбол на слободата и неизбежната судбина. Потпирајќи се на виртуозната музика, кореографот Александар Илиќ гради нова кореографска динамика во која силата и емоцијата се испреплетуваат во моќен сценски израз.
„Болеро“, едно од најпрепознатливите музички дела на 20 век, во визијата на Илиќ станува хипнотички танцов спектакл. Постепеното интензивирање на ритамот и енергијата, која ја карактеризира композицијата на Равел, преточено е во кореографија со постојана напнатост, повторување и незапирлив раст на драматичноста.
Насловната улога на Кармен ја изведува Гала Јовановиќ, солистка на Виенската државна опера, улогата на Дон Хозе ја игра Александар Полупанов, улогата на Ескамиљо ја игра Тома Крижнар, улогата на Цунига ја игра Никола Бјанко и улогата на Судбината ја игра Феодора Грујиќ.
Во „Болеро“ главен солист е Огнен Вучиниќ заедно со Катарина Буќиќ, Јована Грујиќ, Владимир Чубрило, Катарина Илијашевиќ и ансамбл од играчи.
„Кармен свита“
Ана Теслиќ
Феодора Грујиќ
Александар Полупанов
Лев Семјонов
Никола Бјанко
Анастасија Вујновиќ
Ирина Лазиќ
Ивана Трбојевиќ
Елена Младеновиќ
Петра Блешиќ
Елизавета Ишутина
Лана Мигриќ
Анѓелиќ, Филипиќ
Андреј Бабнов
Данијел Стрниша
Сава Видицки
„Болеро“
Огњен Вучиниќ
Јована Грујиќ
Катарина Буќиќ
Владимир Чубрило
Александра Тимофеева
Луција Ороз
Ања Стојанкиќ
Ива Илијевски
Ања Милованов
Дарија Јовановиќ
Оливера Стојановиќ
Ксенија Милојшфијамо
Хана Станковиќ
