Вечер на ЕУ

Дуо ди Прага
Леош Чепицки – виолина
Иван Вокач – виолончело
Чешка

 

Леош Чепицки- виолина

Леош Чепицки студирал виолина на Академијата за изведувачки уметности во Прага во класата на проф. Јиржи Новак, камерна музика  со проф. Антонин Кохут, а за време на студиите е еден од основачите на познатиот „Вихан“ квартет чиј член е до денес. Учествува на бројни натпревари за соло виолина и камерна музика и победник е на повеќе натпревари во родната Чешка, но и во Хрватска и во Италија. Учесник е на мајсторските класови за интерпретација на проф. Игор Безродни во Вајмар, а настапувал рецитално и со оркестри (Загрепска филхармонија, Филхармонијата во Кошице, Камерната филхармонија во Пардубице, Храдец Кралове, Виртуози Прагенсис итн). Во 2000 година, на 250-годишнината од смртта на Ј.С. Бах, ги изведува сите сонати и партити за соло – виолина од овој композтитор на Фестивалот „Сметана“ во Литомишл. Со квартетот „Вихан“ освојува прва награда на фестивалот Прашка пролет во 1988 година, а неколку години подоцна, во 1991 тие се добитници на прва награда и награда од публиката на Интернационалниот натпревар за гудачки квратети во Лондон. Овие признанија се проследени со бројни европски турнеи, настапи во Сингапур, Јордан, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и САД. Со квартетот снимаат бројни ЦД-а меѓу кои и сите 16 гудачки квартети на Бетовен. Во 2002 година Чепицки реализира снимка со сонатите и партитите на Бах. Од 2007 година е професор по виолина на Академијата за изведувачки уметности во Прага, а од 2010 година е раководител на гудачкиот оддел.

 

Иван Вокач – виолончело

Иван Вокач (1987) е еден од најистакнатите  чешки виолончелисти на денешната генерација. Студирал на конзерваториумот во Прага и на Академијата за применети уметности во Прага кај професор Мирослав Петраш. Постигнал повеќе успеси на меѓународни натпревари вклучувајќи ги Лизен (Австрија, 2002 година), Натпреварот во Дрезден (Германија, 2005 година), натпреварот Бохуслав Мартину во Прага (2008) и Натпреварот Леош Јаначек во Брно (Чешка, 2013). Редовно настапува со врвни чешки оркестри (Чешка филхармонија, филхармонија Брно, ПКФ – филхармонија од Прага, оркестарот на Филхармонијата Плзен), а настапувал со диригенти како Јиржи Белохлавек, Петр Алтрихтер и Петр Попелкал. Како вешт камерен музичар,прославуваќи се со бројни натпревари и  победи на ова поле (двапати е  победник на меѓународниот натпревар Јоханес Брамс во Перчаш, Австрија). Во 2011 година, тој е коосновач на триото Лобкович со пијанистот Лукаш Клански и виолинистот Јан Мрачек и со нив ја добива престижната награда на Чешкото друштво за камерна музика во 2018 година. Како камерен музичар, соработува со многу исклучителни музичари  (Даниел Хоуп, Пол Нојбаер, Џозефин Најт, Вацлав Худечек, Иво Каханек и Петр Нузовски). Тој е вреднуван за неговиот богат уметнички репертоар и исто така е член на два прилично необични ансамбли, Чело Република и Ескуало Квинтет (во кој свири на пијано). Се појавува на бројни фестивали во Чешка (Прашка пролет и  Дворжак Прага) и во странство како што се Летен музички фестивал во Франција, Домашен  фестивал на музика во живо во Холандија). Тој е концерт-мајстор по виолончело при Чешката филхармонија од 2017 година и негува посебна страст кон џезот.

 

Програма:

 

Ј. С. Бах: Француска свита BWV 814

Allemande

Courante

Sarabande

Menuet

Anglaise

Gigue 

 

В. А. Моцарт: Дуо за виолина и виолончело KV423

Allegro

Adagio

Rondeau. Allegro

 

Б. Мартину: Дуо за виолина и виолончело бр. 1

Andante moderato

Allegro con brio

 

-пауза-

 

Р. Глиер: Дуо за виолина и виолончело оп. 39

Prélude (Andante)

Gavotte (Allegretto)

Berceuse (Tranquillo)

Canzonetta (Moderato)

Intermezzo (Andantino)

Impromptu (Poco animato)

Scherzo (Vivace)

 

А. Пјацола:        J’attends

 Saint Louis en L’lle

Adios Nonino

Дата

26 Јул 2022
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD700.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *