Грчка вечер

Масимо Полидори – виолончело

Масимо Полидори е меѓународно признат водач на групата виолончела на оркестарот на „Ла Скала“ во Милано, позиција која ја добива на 30-годишна возраст откако тогашниот уметнички директор на оркестарот, Рикардо Мути, ги препознава неговите квалитети. Покрај тоа, Полидори е основач на триото „Јоханес“ и на Гудачкиот квартет на „Ла Скала“ заедно со концерт-мајсторот и истакнат виолинист Франческо Манара, ансамбли со кои постигнува светски успеси и настапува во „Карнеги Хол“, а со кои ги добива наградите „Осака“, наградата „Премио Трио“ во Трст и наградата на Асоцијацијата на музичките критичари на Аргентина.  Пред да ја прифати позицијата на водач на виолончела во „Ла Скала“, Полидори пет години бил прв виолончелист на „Камерата Берн“, оркестар со кој настапувал низ целиот свет и снимал повеќе албуми за „Филипс“, „Дека“, „Берлин Класикс“ и ЕЦМ, со уметници како Хајнц Холигер, Андрас Шиф и Раду Лупу. Покрај оркестарските ангажмани, Полидори има и активна солистичка кариера настапувајќи со оркестри како Симфонискиот оркестар во Питсбург, оркестарот „Керубини“, Филхармонискиот оркестар на „Ла Скала“, Оркестарот во Падова и др.

Полидори е роден во семејство на музичари и запoчнува да учи музика во родниот град Торино, каде и дебитира со оркестарот исполнувајќи ги Рококо варијациите од Чајковски со Камерниот оркестар на Софија. По дипломирањето со највисоки оценки во Италија, продолжува да се усовршува во Женева, во класата на Даниел Гросгурин, каде ја добива наградата Гран при за виртуозност исполнувајќи го Концертот за виолончело од Р. Шуман.

 

Теодосија Нтоку – пијано

Оценета од списанието „Би-би-си мјузик“ како пијанист со драматични квалитети, емотивна суптилност и како возбудлив изведувач, грчката пијанистка Теодосија Нтоку веќе има свое значајно присуство на меѓународната музичка сцена. Нејзината рафинирана техника, експресивна интерпретација и силно сценско присуство ја освојува публиката во престижните концертни сали низ светот. Промовирана од страна на легендарната пијанистка Марта Аргерич, со која заеднички го издава албумот со дела од Бетовен за дискографската куќа „Ворнер класикс“, Теодосија плени со нејзиниот богат звук и интелигентно формирање на музичката мисла. Критичарот на магазинот „Грамофон“ во критиката за нивниот албум ќе напише „јасно е зошто Аргерич ја привлекува музицирањето на Нтоку, тоа поседува слобода и не се плаши од ризици“.

Нтоку е основач и уметнички директор на серијата концерти наречена „Кинески концерти“ кој е еден вид фестивал посветен на негувањето на културната размена преку промовирање на класичната музика од највисок ранг. Активна е како камерен музичар и нејзините соработки ги вклучуваат Марта Аргерич, Максим Венгеров, Стивен Исерлис, Гил Шахам, Миша Мајски, Даниел Хоуп и др.

  • 00

    days

  • 00

    hours

  • 00

    minutes

  • 00

    seconds

Date

07 Авг 2026

Time

21:00

Labels

музичка програма

Location

Црква Св. Софија
Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *