Холандска вечер

Ниек Бар – виолина

Холандскиот виолинист Ниек Бар важи за харизматичен и сериозен музичар кој ја одушевува публиката не само во неговата родна земја туку и низ светот, на сцените на Филхармонијата во Берлин, „Концертгебау“ во Амстердам, „Гевандхаус“ во Лајпциг, во Ориенталниот центар во Шангај и во „Гастајг“ во Минхен. Особено значаен настан за неговата кариера е победата на натпреварот „Оскар Бак“ во Холандија во 2018 година.

Ниек кој дебитира со Ротердамската филхармонија на 16-годишна возраст, денес е редовен солист на сите оркестри во Холандија, со Оркестарот на Германското радио во Сарбрукен, со Камерниот оркестар на „Концертгебау“, со Радиофилхармонискиот оркестар во Хаг и др.

Како камерен музичар има долгогодишна соработка со американскиот пијанист Бен Ким со кој веќе има одржано неколку рецитали на сцената на амстердамскиот „Концертгебау“, во „Концертхаус“ во Берлин и во минхенскиот „Гастајг“ (концерт пренесуван во живо од „БР класик“) и деби во Филхармонијата во Есен во  2021 година.  Ова камерно партнерство резултира и со ЦД снимено за „Авротрос класик“ со дела од Крајслер, Моцарт, Бах и Бетовен.

Во изминатите сезони тој настапува со Германската камерна филхармонија „Нојс“ и со Изабел ван Кулен, со Филхармонискиот оркестар на Ворпомерн и одржува рецитали со пијанистот Кристијан Безуиденхут.  Во 2021 година тој настапува на турнејата со Камерниот оркестар „Концертгебау“ по што заеднички снимаат ЦД за Чанел класикс/Аутдер мјузик.

Дел од неговиот успех се должи и на победите на повеќе меѓународни натпревари, меѓу кои: на Конкурсот „Принцеза Кристина“, на натпреварот „Бах соло“ во Лондон, како и наградата „Громек“ на фестивалот „Кронберг“ во Германија и наградата „Кејсер“ во 2015 година.

Ниек е роден во Ротердам во 1991 година. Започнува да учи виолина на 8-годишна возраст, а студира на Високата школа за музика „Ханс Ајлсер“ во Берлин каде дипломира во класата на проф. Стефан Пикард во 2016 год. Се усовршува во Минхен со проф. Кристоф Попен.

Свири на виолина „екс Форнбаум“ изработена од Карло Бергонци во Кремона во 1729 година.

 

Бен Ким – пијано

Изведбите на американскиот пијанист Бен Ким се опишани како „еуфорични и полни со виталност“, додека пак сензибилноста и интегритетот во интерпретацијата му носат респект и репутација кај публиката, но и кај стручната критика.

Победникот на 55-от АРД натпревар во Минхен во категоријата пијано, Бен, настапува низ светот во концертните сали како „Карнеги Хол“, „Музикферајн“, „Гевандхаус“, „Сантори Хол“, „Кенеди Центар“, со оркестрите на Германското радио, Баварскиот радиосимфониски оркестар, со оркестрите во Лајпциг, Балтимор, Кјушу, Сеул, со оркестарот „Ермитаж“ во Санкт Петербург, со Симфонискиот оркестар во Дизелдорф, со оркестарот „Тонхале“ под диригентската палка на Кристоф Ешенбах, со Келнскиот камерен оркестар под водство на Кристоф Попен и со Филхармонискиот оркестар на Бусан на „Музикфест Берлин“.

Во 2017 година Бен Ким е добитник на наградата „ЛОТТО“ за развој на кариерата од страна на Фестивалот во Рајнгау, а во 2012 година е избран за добитник на Наградата за особен успех меѓу повеќе од 13.000 дипломци на Универзитетот „Џон Хопкинс“.  Неговата дискографија вклучува ЦД со дела на Шопен снимен за Универзал/Дека, како и албуми за издавачките куќи „Сони Класикал“ и за Клавирскиот фестивал во Рур.  Неодамнешното издание со избор на клавирски концерти од Моцарт заедно со Камерниот орекстар на „Концергебау“ за „Чаленџ рекордс“ му носи одлични критики во печатените и дигиталните медиуми.

Роден во Портланд, Бен студирал со Леон Флајшер и Јонг Хи Мун на Конзерваториумот „Пибоди“ и на Интернационалната пијано академија во Комо, Италија предводена од Марта Аргерич и Грант Наборе.  Дипломира на Универзитетот за уметности во Берлин во класата на Клаус Хелвиг.

  • 00

    days

  • 00

    hours

  • 00

    minutes

  • 00

    seconds

Date

05 Авг 2026

Time

21:00

Cost

MKD600.00

Labels

музичка програма

Location

Црква Св. Софија
Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *