Италијанска вечер
Кристијана Пегораро – пијано
Опишана од дневниот весник „Њујорк Тајмс“ како „уметница од најголем калибар“, Кристијана Пегораро настапува во најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка, на Блискиот Исток, во Азија и во Австралија.
Настапувала пред претседателите на Италија, Серџо Матарела и Карло Азељио Кјампи, пред лидерите во Собранието на ОН, пред гувернерот на Њујорк, пред војвотката од Луксембург и други високи политичари во Италија, Канада и Австрија.
Нејзината дискографија вклучува 34 носачи на звук, а за албумот со танго музика од Астор Пијацола е добитничка на Златен медал на Глобалните музички награди во Калифорнија.
Добитничка е на повеќе од 50 меѓународни награди и признанија. Во 2019 година ја добива престижната награда „Белисарио“, доделена на церемонија пренесувана во живо од италијанската телевизија РАИ. Неодамна, округот Вестчестер во државата Њујорк ѝ посвети ден од годината, па така според официјалната објава на Советот – 28 Март секоја година се празнува како ден на Кристијана Пегораро.



Програма:
Џ. Росини/арж. Пегораро: “Largo al Factotum” од операта „Севилскиот бербер“
Ј. С. Бах/ Гуно арж. Пегораро: „Аве Марија“
Ф. Шуберт: Музички момент D. 780 бр. 3
Р. Шуман: „Сонување“ од „Детски сцени“
Л. В. Бетовен арж. Пегораро: Пасторална симфонија
А. Вивалди/арж. Пегораро: „Зима“ од „Годишните времиња“
Ф. Шуберт/Ф. Лист: Серенада
Л. В. Бетовен арж. Пегораро: „Ода на радоста“ од Симфонијата бр. 9
Л. В. Бетовен: За Елиза
В. А. Моцарт/ арж. Пегораро: Rondo Alla Turca
Е. Лојд Вебер: Memory
Е. Лојд Вебер: Don’t Cry for Me Argentina
Сплет од Наполитански песни:
Русо/Ди Капуа/ Мазуки/ Пегораро: I’ te vurriavasà
Сиска/ Кардиљо/Пегораро: Core ‘ngrato
Котро/Белини/Џеноино/Пегораро: Fenesta ca lucive
Де Куртис/ Пегораро: Malafemmena
Фалво/ Фуско/ Пегораро: Dicitencellovuje
К. Пегораро: Colors of Love
К. Пегораро: The Wind and the Sea
К. Пегораро: Sailing