Италијанска вечер

Кристијана Пегораро – пијано

 

Опишана од дневниот весник „Њујорк Тајмс“ како „уметница од најголем калибар“, Кристијана Пегораро настапува во најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка, на Блискиот Исток, во Азија и во Австралија.

Настапувала пред претседателите на Италија, Серџо Матарела и Карло Азељио Кјампи, пред лидерите во Собранието на ОН, пред гувернерот на Њујорк, пред војвотката од  Луксембург и други високи политичари во Италија, Канада и Австрија.

Нејзината дискографија вклучува 34 носачи на звук, а за албумот со танго музика од Астор Пијацола е добитничка на Златен медал на Глобалните музички награди во Калифорнија.

Добитничка е на повеќе од 50 меѓународни награди и признанија. Во 2019 година ја добива престижната награда „Белисарио“, доделена на церемонија пренесувана во живо од италијанската телевизија РАИ.  Неодамна, округот Вестчестер во државата Њујорк ѝ посвети ден од годината, па така според официјалната објава на Советот – 28 Март секоја година се празнува како ден на Кристијана Пегораро.

  • 00

    days

  • 00

    hours

  • 00

    minutes

  • 00

    seconds

Date

29 Јул 2026

Time

21:00

Cost

MKD600.00

Labels

музичка програма

Location

Црква Св. Софија
Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *