Полска вечер „Моушн трио”- трио хармоники, Полска

Јануш Војтарович – хармоника

Павел Баранек – хармоника

Марчин Галажин – хармоника

 

Полското трио хармоники со името „Моушн трио“ е познато по нивниот специфичен начин на комбинирање на страста која извира од традицијата на музиката од Источна Европа со прецизноста и строгоста на делата на големите класични композитори.

Предводени од Јануш Војтарович, членовите на триото често изведуваат сопствени, оригинални композиции кои се засноваат на нивното класично музичко образование на Академијата за музика во Краков и на нивната љубов кон традиционалната музика со која израснале. Основано во 1996 година, триото започнува да свири на улиците низ Европа, а потоа прераснува во ансамбл кој е признаен на класичната музичка сцена. Настапуваат низ целиот свет, а уникатноста продолжуваат да ја градат со имплементација на  звуците на рок и техно со што нивниот нетипичен израз добива сосема нови нијанси.

За нив велат дека да се доживее „Моушн трио“ е како да се присуствува на рецитал на Паганини и концерт на групата „Металика“ во живо. Толку е моќен и возбудлив нивниот звучен свет, а сепак тоа го постигнуваат исклучиво со употреба на нивните хармоники – без дополнителни семплери, лупови или технолошки трикови.  Нивната неверојатна изведувачка вештина ги поместува границите на интерпретација и прави тие да бидат една од највозбудливите формации од овој тип на светската сцена. Нивната музика е оригинална, еден вид спој на минимализам, џез и рок кој комплетно ги редефинира постоечките звучни пејзажи кои хармониката како инструмент може да ги долови, и на тој начин создава сосема нова слика за неговите можности.  Албумите на триото се одлично прифатени од стручната критика и им носат бројни награди и од класичната, но и од џез-сферата.

Членовите на триото сметаат дека единствен начин да се задржи вниманието на денешната публика е да се експериментира со звуците на хармониката и да се извлечат од инструментот звуци кои досега никогаш не се слушнати, да се развиваат нови форми со цел да се креира возбудлива музика која ќе продолжи постојано да носи нови изненадувања.

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

19 Авг 2025

Време

21:00

Цена

MKD600.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *