Џез вечер; Национален џез оркестар и Питер Сомуа (С.Македонија/Гана)

Спектакл на „Охридско лето“: Националниот џез оркестар со „Македонски сновиденија“
Диригент: Владимир Николов

 

14 август 2026 | 21:00 часот | Долни Сарај, Охрид | Охридско лето 2026

 

На 14 август 2026 година, со почеток во 21:00 часот, прекрасната сцена Долни Сарај во Охрид ќе биде домаќин на еден од најатрактивните музички настани во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Националниот џез оркестар пред публиката ќе ја претстави својата исклучителна концертна програма „Македонски сновиденија“- енергична фузија од македонски фолклор и современ џез. Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ќе ја поведе публиката низ магично музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот.

„Македонски сновиденија“ претставува значаен исчекор во уметничкиот развој на Националниот џез оркестар. За првпат од своето формирање, оркестарот создаде програма составена од нови аранжмани на македонски народни песни и оригинални композиции инспирирани од домашната фолклорна традиција, создавајќи уникатен спој на традицијата и современиот музички израз.

Овој уникатен проект веќе постигна огромен успех на меѓународната сцена. Во ноември 2025 година, оркестарот реализираше исклучително успешна европска мини-турнеја, претставувајќи ја македонската музичка приказна во големата сала „ELTE“ во Будимпешта, модерниот културен центар „La Fabrika“ во Прага, како и во легендарниот џез клуб „Porgy & Bess“ во Виена. Низата меѓународни успеси продолжи и во мај 2026 година, кога истата програма беше изведена во Брисел, во престижниот културен центар „BOZAR“, каде оркестарот уште еднаш беше пречекан со стоечки овации и високи оценки од европската публика.

Националниот џез оркестар е еден од водечките биг-бенд состави во регионот, препознатлив по својата уметничка извонредност, современ пристап и силна посветеност кон развојот на современата џез музика. Оркестарот обединува врвни домашни џез музичари и меѓународно признати гости-уметници. Основан како национална институција во 2024 година, тој брзо стана централна сила во културниот живот на земјата. Со иновативна програма и распродадени настапи, тој изгради репутација како национален џез бренд. Меѓу гостите солисти до сега се истакнуваат Курт Елинг, Јелоуџекетс, Курт Розенвинкел, Марија Мендеш, Дони МекКаслин, Алаин Перез, Ренато Кико, Дон Менца, Шеун Кути, Зиги Фајгл, Луис Бониља, Франческо Беарцати, Мајк Холобер, и други меѓународно признати уметници. Сите тие придонесоа за растечкиот меѓународен профил на оркестарот.

 

Диригент : Владимир Николов

Композитор чие творештво опфаќа широк спектар на музички јазици и жанрови, црпејќи инспирација од класичната музика и џезот. Како аранжер соработувал со ансамбли како што се Metropole Orchestra, Konzerthausorchester Berlin, BBC Radio Orchestra. Меѓу соработниците, се истакнуваат: Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Шака Кан, Џејкоб Колиер, и многу други. Тој оркестрирал музика за неколку филмски проекти, меѓу кои добитникот на Оскар „The Artist“ (2012). Исто така го оркестрирал аранжманот за преработката на „All Night Long“ од Џејкоб Колиер, награден со Греми 2020 година.

 

Специјален гостин: Питер Сомуа

Како специјален гостин на сцената ќе настапи Питер Сомуа (Peter Somuah) – западноафрикански трубач со потекло од Акра, Гана, кој денес живее во Ротердам. Во 2021 ја освои наградата „Erasmus Jazz” за млад џез талент, а во 2022 престижниот „Edison Jazz Award” за дебитантскиот албум „Outer Space”. Во 2023 го објави албумот „Letter to the Universe” на легендарната ACT Music лабела, во кој мешаше џез, фанк, соул и традиционална гански музика. Албумот „Highlife” од ноември 2024 е почит до иконичниот гански highlife жанр и вклучува соработки со Пат Томас, Гиеду-Блеј Амболи и 93-годишниот мајстор Ку Нимо.

 

Веб-страница: www.jazzorchestra.mk

 

  • 00

    days

  • 00

    hours

  • 00

    minutes

  • 00

    seconds

Date
14 Авг 2026
Time
21:00
Cost
MKD1,000.00
Labels
музичка програма
Location
Долни Сарај
Долни Сарај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *