Премиера на театарската претстава „Кориолајн“ од Вилијам Шекспир
Премиера на театарската претстава
Кориолан
од Вилијам Шекспир
Режија: Џон Блондел
НУ Народен театар Битола
„Кориолан“ е политичка трагедија со силни психолошки нијанси. Претставата е исполнета со енергија и има жив и впечатлив драмски двигател. Битолската продукција го истражува односот меѓу водачот и масата, непостојаноста на фракциите и променливите перспективи кон воените херои. Делото продира во психолошките длабочини кои можеби се ненадминати кај Шекспир. Англискиот поет Т. С. Елиот ја смета оваа драма, заедно со драмата „Антониј и Клеопатра“, за „неговиот најсигурен уметнички успех“.
Претставата е идеално дело за актерите од Народниот театар Битола бидејќи нивната енергија и сценски израз совршено одговара на материјалот, а визуелните и музичките автори од ансамблот ќе ја издигнат претставата до високо ниво на театарска поезија. Продукцијата е создадена специјално за предворјето на црквата „Света Софија“ во Охрид. Таа се изведува од седум актери кои играат повеќе улоги во 80-минутна, физичка претстава на отворено. Клаустрофобичната, компактна просторна поставеност меѓу актерите, заедно со динамичното двојно и тројно распределување на улогите, ја одразува распаѓачката и променливата природа на политичките фракции во делото и ги засилува неговите силни емоционални и визуелни ритми.
„Кориолан“ е петта соработка на Џон Блондел со Народниот театар Битола и негова четврта режија на Шекспир. Неговите претходни шекспирови продукции вклучуваат: „Хенри VI, дел 3“ за Глоуб-ту-Глоуб фестивалот во Шекспирс Глоуб во Лондон во 2012 година, „Антониј и Клеопатра“ во 2015 година и „Сон на летната ноќ“ во 2018 година – сите прикажани на изданијата на „Охридско лето“ во тие сезони.
Битола претставува еден вид уметнички дом за Блондел од 2009 година, а ансамблот и индивидуалните уметници имаат освоено престижни награди и имаат реализирано бројни меѓународни турнеи, вклучително во Лондон, Санта Барбара, Пекинг и други градови.
Сценографија и костими: Благој Мицевски
Светло: Џонатан Хикс
Музика: Александар Димовски
Улоги:
Огнен Дранговски
Петар Горко
Борче Ѓаковски
Марјан Георгиевски
Санда Грибовска
Јулијана Мирчевска
Петар Спировски
Времетраење: 90 мин
Не се препорачува за лица помлади од 16 годишна возраст
