Rising stars; Горјана Стојановска, пијано (С. Македонија)
Горјана Стојановска – пијано
Горјана Стојановска е родена во Битола, каде го започнува своето музичко образование во Државното музичко училиште, во класата на проф. д-р Татјана Божиновска. Дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. д-р Марија Ѓошевска, по претходни студии кај проф. Борис Романов. Своето усовршување го продолжува на Academia Talent Music Master во Бреша, Италија, во класата на проф. м-р Рубен Далибалтајан.
Добитник е на повеќе награди на државни и на меѓународни натпревари и има настапувано на солистички и камерни рецитали во земјата и во странство. Настапувала како солист со Македонската филхармонија, а во 2024 година настапува во Виена со Камерниот оркестар на Националната опера и балет. Редовно учествува на фестивали во Македонија. Од 2021 година работи како наставник по пијано во Државното музичко училиште во Битола.
