Театарска претстава „Која е Лорет“
Театарска претстава
Која е Лорет?
од Флоранс Кадије
Режисер: Драгана Милошевски-Попова
Театар за деца и младинци, Скопје
„Која е Лорет“ е претстава што го истражува прашањето на идентитетот и припадноста, отвора простор за разбирање на различностите и ја поттикнува публиката да го препознае и да го прифати другиот. Во фокусот на приказната е Лорет – девојче со Даунов синдром, кое не е дефинирано преку една особина, туку преку сите улоги што ги живее: ќерка и сестра, ученичка и пријателка, актерка, режисерка и сликарка… Таа е дете со соништа, таленти и емоции, кое го сака истото што го сака секое друго дете – да биде видено, прифатено и сакано.
Преку средбите со семејството, врсниците и со светот што ја опкружува, Лорет го поставува едноставното, но суштинско прашање: кои сме ние навистина и дали другите нè гледаат онакви какви што сме. Претставата ги повикува децата да размислуваат за тоа дека идентитетот не е една единствена карактеристика, туку мозаик од сè она што сме и што можеме да бидеме.
„Која е Лорет“ испраќа јасна порака дека прифаќањето се учи, дека различноста се живее и дека секое дете има право на свое место во светот. Со внимателно изграден театарски јазик и со емотивен пристап, претставата отвора важни прашања на начин разбирлив и близок за најмладата публика.
Улоги:
Ана Левајковиќ Бошков
Мики Анчевски
Винета Дамческа Мојаноска
Петар Стојанов
Анастасија Ласовска
Вања Стојановиќ
Драматизација: Милена Деполо
Сценографија: Ирина Сомборац
Костимографија: Ирина Сомборац
Композитор: Сашко Костов
