Театарска претстава ,,Лагата” 

Флоријан Зелер

Режисер: Никола Љуца

Драмски театар Белград, Србија

 

„Колку се лажеме себеси и најблиските? Дали тоа го правиме од желба да ја заштитиме саканата личност или да се заштитиме себеси. Вака набројано, изгледа прилично прозаично, иако нуди можност за самодоволен одраз на лесна комедија. Мојата намера е да создадам претстава која живее во моментот со внимателно избрани актери, кои ја заведуваат публиката да гледа (само) забавна и провокативна комедија за модерниот живот. Сцената е реално богата, стан од средна класа. Актерите физички и емотивно им се предаваат на своите стравови и игри до крај. На моменти треба да изгледа како мешавина од современ булеварски театар и комедија. Меѓутоа, како што текстот почнува да се деконструира и вешто ги открива вистинските намери на ликовите, самиот процес се менува како нешто што е длабок психолошки реализам, кој е дури и премногу реален. Режисерската постапка ги засилува идеолошките нишки на драмата и ја разобличува самата суштина на театарската игра“.

Никола Љуца

 

Никола Љуца е роден е на 22 октомври 1985 година во Белград, каде што завршил филмска режија на Факултетот за драмски уметности во класата на професорот Слободан Шијан. Неговите филмови „Четврток“, „Наредник“ и „Сцени со жени“ беа прикажани на бројни меѓународни и домашни фестивали каде освоија над 20 награди: Монтреал, Киев, Шведска итн…

Првиот долгометражен игран филм „Влажност“ ја имаше својата светска премиера на Берлинскиот филмски фестивал во програмата Форум во 2016 година, по што го отвори ФЕСТ и ги освои повеќето национални филмски награди, меѓу кои: најдобар филм, најдобар режисер, најдобар актер. Филмот учествуваше на повеќе од 20 меѓународни фестивали. Ја режираше втората сезона од серијата „Беса“. Ги развива проектите „Ѕвечарка“ и „Пожари“.

Во театарот „Битеф“ ја режираше претставата „Смртта и девојката“ од Ариел Дорфман и во Драмскиот театар во Белград „Лагата“ од Флоријан Зелер.

 

Улоги:

Милош: МИЛОШ БИКОВИЌ

Тамара: ТАМАРА КРЦУНОВИЌ

Миќко: МИОДРАГ РАДОЊИЌ

Јелисавета: ЈЕЛИСАВЕТА ТЕОДОСИЌ

 

Драматург: Сташа Бајац

Сценограф: Лазар Бодрожа

Костимограф: Љиљана Петровиќ

 

Претставата трае  110 минути

Претставата не е наменета за лица помлади од 13 г.

Дата

20 Авг 2023
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD1,000.00

Категорија

драмска програма
Антички театар

Локација

Антички театар
Антички театар Охрид

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *