Трио “Аура”

Ана Гацева – пијано

Страшо Темков – флејта

Марјан Милошевски – фагот

 

Реномираниот камерен состав, Трио АУРА го сочинуваат тројца истакнати македонски музички уметници: флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски. Темков, Гацева и Милошевски се редовни професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Триото АУРА има долгогодишна и богата концертна активност во и надвор од нашата земја. Досега имаат реализирано многубројни рецитали како солисти и камерни музичари во Америка, Франција, Германија, Швајцарија, Белорусија, Австрија, Англија, Бугарија, Азија, Африка, Србија, Словенија за кои добиваат позитивни оценки. Критиката ги нарекува „мајстори на својот инструмент“, а поради забележителните концерти на покана од  реномирани меѓународни фестивали како што се:  „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Златна лира“, БУНТ Белград, фестивалот во Ниш, Фестивалот „Барски љетопис“, Фестивалот „Еспресиво“ – Цетиње, Фестивалот „Нимус“, фестивалот „Ледамус“, Врање, Ваљево итн, несомнено се вбројуваат меѓу најдобрите и најактивните музички изведувачи во С. Македонија. На концертните подиуми во земјата и странство, изведуваат дела од сите музички епохи и стилови. Она што ги одбележува овие тројца уметници е што тие редовно промовираат премиерни дела од македонски композитори, напишани специјално за нивното трио. Според критиката нивното заедничко високо естетско, камерно музицирање го карактеризира: „изразено чувство за експресивност, музичка симбиоза и компактност на звукот и изразот“.

 

Програма:

 

Ш. Лефевр: Балада за флејта, фагот и пијано

 

Г. Доницети: Трио А 507

 

Ј. Коетсиер: Трио оп. 81

 

Г. Шокер: Три танци

                                Easy Going

                                Moody

                                Coffee Nerves, Prestissimo

 

Х. Бифтинк: Трио „Танц на шумата“

 

Иван Терзиев, аранжман Владимир Димовски: Ој ти момче, охриѓанче

Дата

13 Авг 2023
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD300.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *