Трио “Аура”
Ана Гацева – пијано
Страшо Темков – флејта
Марјан Милошевски – фагот
Реномираниот камерен состав, Трио АУРА го сочинуваат тројца истакнати македонски музички уметници: флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски. Темков, Гацева и Милошевски се редовни професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Триото АУРА има долгогодишна и богата концертна активност во и надвор од нашата земја. Досега имаат реализирано многубројни рецитали како солисти и камерни музичари во Америка, Франција, Германија, Швајцарија, Белорусија, Австрија, Англија, Бугарија, Азија, Африка, Србија, Словенија за кои добиваат позитивни оценки. Критиката ги нарекува „мајстори на својот инструмент“, а поради забележителните концерти на покана од реномирани меѓународни фестивали како што се: „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Златна лира“, БУНТ Белград, фестивалот во Ниш, Фестивалот „Барски љетопис“, Фестивалот „Еспресиво“ – Цетиње, Фестивалот „Нимус“, фестивалот „Ледамус“, Врање, Ваљево итн, несомнено се вбројуваат меѓу најдобрите и најактивните музички изведувачи во С. Македонија. На концертните подиуми во земјата и странство, изведуваат дела од сите музички епохи и стилови. Она што ги одбележува овие тројца уметници е што тие редовно промовираат премиерни дела од македонски композитори, напишани специјално за нивното трио. Според критиката нивното заедничко високо естетско, камерно музицирање го карактеризира: „изразено чувство за експресивност, музичка симбиоза и компактност на звукот и изразот“.
Програма:
Ш. Лефевр: Балада за флејта, фагот и пијано
Г. Доницети: Трио А 507
Ј. Коетсиер: Трио оп. 81
Г. Шокер: Три танци
Easy Going
Moody
Coffee Nerves, Prestissimo
Х. Бифтинк: Трио „Танц на шумата“
Иван Терзиев, аранжман Владимир Димовски: Ој ти момче, охриѓанче