Американска вечер – Светска премиера на театарската претстава „КРАЛ ЛИР“ од Вилијам Шекспир,

Lit Moon Theatre Company

 

„Крал Лир“, од Вилијам Шекспир, е светска премиерна изведба направена специјално за фестивалот „Охридско лето“. Создадена од уметници од Северна Македонија, Ерменија, Финска и САД, претставата е режирана по импресии од сцената на предворјето на црквата Света Софија.

Претставата испреплетува приказни за две семејства. Во едното, Лир го дели своето кралство меѓу двете ќерки кои му ласкаат а ја прогонуваат најмладата ќерка која искрено го сака. Во другата приказна, војводата од Глостер му верува на синот кој е предавник но се сомнева во неговата лојалност. Приказните на крајот се спојуваат во една со премногу болка.

Преку играта на актерската екипа се прикажуваат живописни слики и визуелно раскажување приказни, раскажани на јазикот на Шекспир. Изведбата евоцира изгубени светови и минати времиња, атмосфери преплавени со антички ритуали, духови и соништа, едноставно раскажување и оригинална музика.

Основан во 1991 година, Lit Moon Theatre Company е колектив на театарски уметници со седиште во Санта Барбара. Неговата мисија е да понуди театарски искуства кои го прошируваат и продлабочуваат разбирањето на светскиот театар и културните традиции и промовираат и инспирираат меѓукултурно разбирање преку театарска изведба во живо. Од 1992 година, Lit Moon создаде 45 нови театарски проекти, продуцира тринаесет меѓународни театарски фестивали, доби десетици награди за своите уметници.

Џон е добитник на 13 независни театарски награди а во 2003 година добитник е на награда за факултетско истражување од колеџот Вестмонд,  во 2013 е именуван за учител на годината и „локален херој“за неговата „неуморна посветеност“ во меѓународната театарска заедница. До денес, Џон има режирано над 100 продукции во САД, Европа и Азија.

Адаптација на текст и режија: Џон Блондел

Сценографија и костими: Благој Мицевски

Музика: Џејмс Конели

Кукли и фотографии: Јулија Духовни

Дизајн на светло: Џанет Дрејпер

Асистент на режија: Сиена Фицџералд и Дамјан Димовски

 

Улоги:

 

Крал Лир, кралот на Британија – Ирвин Апел

Гонерил, најстарата ќерка на Лир – Брајан Харвел

Војводата од Албани, нејзиниот сопруг – Џејмс Мек Карти

Реган, втората ќерка на Лир – Џејмс Мек Карти

Војводата од Корнвол, нејзиниот сопруг – Брајан Харвел

Корделија, најмладата ќерка на Лир – Нина Салинен

Грофот од Кент – Мајкл Бернард

Будалата – Метју Тавианини

Грофот од Глостер – Вардан Мкрчјан

Едгар, неговиот постар син – Мичел Томас

Едмунд, неговиот помлад и вонбрачен син – Даен Хенри

 

Сценографија и костими Благој Мицевски

 

Времетраење 1 час и 40 минути, без пауза

Не се препорачува за лица под 13 годишна возраст

 

 

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

28 Јул 2024

Време

21:00

Цена

MKD500.00

Категорија

драмска програма
Предворје на Св. Софија

Локација

Предворје на Св. Софија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *