ЕУ вечер Last Rose of Summer

Последна роза на летото

Јохана Кезеи – флејта

Дејвид Тобин – виолина

Фингин Колинс – пијано

 

Јохана Кезеи се вбројува во групата истакнати млади музичари од Унгарија кои ги освојуваат светските сцени. Настапува со голем број оркестри и диригенти, а моментално живее и студира во Германија каде редовно настапува со Штатскапеле Берлин, како и во оркестарот на Државната опера. Во 2023 година дебитира како солист во „Карнеги Хол“ во Њујорк. Добитничка е на награди и признанија на меѓународни натпревари во Унгарија, Полска, Италија и Холандија. Како камерен музичар настапува во големата сала на „Алте опер“ во Франкфурт со Игор Левит, како и со Каролин Видман во Државната опера во Берлин. Како оркестарски музичар соработувала со врвни диригенти како: сер Сајмон Ретл, Кристијан Тилеман, Андрис Нелсонс и Даниел Барембоим, во оркестри како: Штатскапеле Берлин, Германската опера, оркестарот на „Концертхаус“ во Берлин, НДР во Хановер, Германскиот симфониски оркестар и оркестарот „Гевандхаус“ во Лајпциг.

 

Дејвид Тобин е еден од водечките ирски класични музичари. Живее и работи во Берлин, а настапува како солист, камерен музичар и концерт-мајстор во разни оркестри. Солистички настапува со Националниот симфониски оркестар на Ирска, со Симфонискиот оркестар во Ахен, со оркестарот РТЕ во Даблин, со Симфонискиот оркестар во Визбаден и со Синфониета во Њујорк.

Како оркестарски музичар редовно настапува со Берлинската филхармонија, а како концерт-мајстор ги предводи: Германската опера во Берлин, Националниот оркестар на Ирска, оркестарот во Хајделберг, Младинскиот оркестар на ЕУ, оркестрите во Келн и во Сицилија, а како водач настапува со Западно-источниот „Диван“ оркестар на Даниел Барембоим, со Штатскапеле Дрезден под диригентство на Даниеле Гати и со Фестивалскиот оркестар на Будимпешта под водство на Иван Фишер.

Настапува на бројни фестивали во Австрија, Швајцарија, Германија, Чешка и Англија.  Тој е најмлад уметник кој имал сопствена концертна серија во Даблин како дел од престижните Меѓународни концерти. Студира и магистрира на Академијата во Келн, а неодамна магистрира со титулата – музичар солист на Универзитетот за уметности во Берлин.

 

Еден од најуспешните ирски музичари, пијанистот Фингин Колинс е роден во Даблин во 1977 година и студира на Ирската академија за музика, во класата на Џон О’ Конор и на Конзерваториумот во Женева, во класата на Доминик Мерле. Тој е победник на натпреварот „Клара Хаскил“ во Швајцарија во 1999 година и оттогаш неговата кариера е во подем со концертни настапи низ Европа и низ САД, како и во азиските земји и во Австралија.

Настапува со врвни оркестри и со светски признати диригенти, а како солист застанува на сцените на некои од најпрестижните концертни сали во светот. Како солист и камерен музичар настапува на бројни светски фестивали.

Неговите интересни програми придонесуваат кон тоа да биде многу почитуван во неговата родна земја каде е основач и уметнички директор на Клавирскиот фестивал „Њу Рос“ во Вексфорд од неговото основање во 2006 година, уметнички директор на  Музика за Голвеј од 2013 година, а од 2023 година е уметнички директор на Меѓународниот натпревар за пијанисти во Даблин. Претседател е на жирито на натпреварот „Клара Хаскил“ во 2023 и 2025 година, а во октомври 2017 година Националниот универзитет во Даблин му додели почесна докторска титула.

  • 00

    days

  • 00

    hours

  • 00

    minutes

  • 00

    seconds

Date

09 Авг 2026

Time

21:00

Cost

MKD600.00

Labels

музичка програма

Location

Црква Св. Софија
Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *