Камерен ансамбл „Camerata Academica”, Словенија

Каролина Шантл-Жупан-флејта

Матеј Шарц-обоа

Јоже Котар-кларинет

Зоран Митев-фагот

Јоже Рошер-хорна

Миха Рогина- саксофон

 

Ансамблот „Camerata Academica” го сочинуваат словенечки музичари, професори на Музичката Академија во Љубљана, а воедно и солисти на оркестарот на Словенечката филхармонија. Создаден во 2020 година со желба да се промовира класата на дрвени дувачи на Музичката академија, составот е од променлив карактер во зависност од програмските определби и потреби на репертоарот. На концертите покрај дела напишани за составот, „Camerata Academica“ изведуваат и транскрипции на дела кои оригинално се напишани за друг тип дувачки состави или пак транскрипции на дела за гудачки состави. Тоа овозможува репертоарот на ансамблот да биде исклучително широк, со дела од рани мајстори, па сѐ до композиции од современата литература. Настапите на составот се восхитувачки токму заради разновидноста на програмата како и и поради техничките и виртуозни квалитети на уметниците. Составот во кој ќе се претстават на „Охридско лето“, секстет сочинет од флејта, обоа, кларинет, фагот, хорна и саксофон е особено интересен поради тонската различност на инструментите која овозможува богато темброво нијансирање и отвора можности за интензивно музицирање.

 

Програма:

 

Б. Хеиден: Интрада

 

С. Ливрински: Со маки сум се родил – варијации за дувачки секстет  на народната песна *

*светска праизведба, дело напишано настапот на Камерата Академика

на Охридско лето

 

Л. Јаначек: „Младост“  за дувачки секстет

Allegro- Andante Sostenuto- Vivace-Allegro Animato

 

 

-пауза-

 

 

М. Ејшен: Sextuor

Allegro

Andante

Final. (Tempo di Valse)

 

С. Кравос: SAXtet *

 

                   * Ново дело посветено на Camerata Academica напишано за фестиваот Имаго

 

Д. Шуплевски и Т. Скаловски (арж. Зоран Митев): Аранжмани на хорски композиции за                                                                                                               дувачки секстет

 

-Кажи ми кажи Катинке

-Македонска хумореска

Дата

01 Авг 2023
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD300.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *