Шпанска вечер – Луцеро Тена – кастањети, Шпанија Гзавије Де Местр – харфа, Франција

Гзавије де Местр – харфа 

 

Гзавије де Местр е еден од водечките харфисти на денешницата и исклучително надарен и креативен музичар. Како виртуоз на харфата придонесува кон збогатување на репертоарот за овој инструмент, нарачувајќи нови дела од современите композитори, но и создавајќи транскрипции за харфа од веќе постоечкиот инструментален репертоар. Редовно настапува со водечките оркестри во светот како симфониските оркестри во Чикаго, Монтреал, Бирмингем, оркестрите на Шведското и Финското Радио, оркестрите во Лос Анџелес, Лондон, Санкт Петербург, Осло, Париз, Цирих, како и оркестрите во Кина, Сао Паоло и Салцбург, работејќи со диригенти како Сер Андре Превин, Сер Сајмон Ратл, Рикардо Мути, Даниеле Гати, Филип Жордан, Бертранд де Били, Андрес Орзоко Естрада, Даниел Хардинг, Сузана Малки и др.

Како рецитален уметник гостува на најреномираните светски фестивали, а како камерен музичар соработува со етаблирани уметници како тенорот Роландо Вилазон, легендата на кастањети Лусеро Тера, Дајана Дамрау, Арабела Стајнбахер, Даниел Милер Шот, Баиба Скриде, Мојца Ердман и др.

Од 2008 година, Де Местр снима ексклузивно за Сони мјузик и неговиот прв албум е посветен на музиката на Клод Дебиси. Потоа следат Омажот на Хајдн (2009), Арањез (2010), Ноќи во Венеција (2012),  В`лтава (2015), како и соработката со Лес Артс Флорисантс и Вилјам Кристи (2016). Во 2017 година снима албум со Лусеро Тена насловен „Шпанска серенада“, а потоа овие уметници заминуваат на светска турнеја промовирајќи ја музиката од албумот. Во 2020 година снима заедно со тенорот Роландо Вилазон, а неговиот последен албум ги вклучува Концертот за харфа и оркестар од Рајнхолд Глиер, како и заборавениот концерт за харфа од Александар Мосолов заедно со Симфонискиот оркестар на ВДР Келн под диригентство на Натали Штуцман. Од 2001 година предава на Високата школа за музика во Хамбург, а свири на харфа изработена од Лајон и Хили.

 

Лусеро Тена – кастањети

 

Наречена „Пaганини на кастањетите“ од страна на италијанскиот печат, Лусеро Тена е пионерка на концептот на „солист на кастањети“ препознатлива по нејзиниот специфичен стил на интерпретација.

Таа настапува концертно на сите пет континенти под диригентските палки на Лорин Мазел, Мстислав Ростропович, Рафаел Фрубек де Бургос, Хесус Лопес Кобос и многу други, а настапува и со престижните светски оркестри. Нејзините неодамнешни ангажмани ја вклучуваат операта во Хановер, фестивалите во Нант, Токио и Варшава, концерти под диригентство на Пласидо Доминго во Филхармонијата во Берлин и Миланската „Ла Скала“ во 2017 година, како и настапи со сите значајни оркестри во Шпанија.

Во 2017 година заедно со Гзавије де Местре го издава ЦД-то „Шпанска серенада“ и истото го промовираат на турнеја низ светот. Во 2018 година настапува на „Холивуд Боул“ со Пласидо Доминго, на фестивалите МИТО и во Равена во Италија заедно со Гзавије де Местре и дебитира во „Филхармонијата“ во Париз.  Ангажманите кои ја очекуваат се рецитали со Гзавије де Местре во Германија, Франција, Кина и Јапонија, како и на фестивалот „Шлезвиг-Холштајн“, настапи на шпанските летни фестивали, како и солистички настапи во шпанските театри и оперски куќи.

 

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

11 Авг 2025

Време

21:00

Цена

MKD600.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *