„Немаме резервна планета“

5+ Фамилија
ОХО продукција, Р.С.Македонија

 

По повод јубилејот на образовно – забавната платформа 5+, која цели 15 години успешно ги едуцира и забавува не само децата, туку и родителите, и тоа на македонски и на албански јазик, 5+ БЕНД и 5+ ФАМИЛИЈА подготвија ново музичко-сценско доживување, овојпат навраќајќи се на една од основните вредности на платформата, здравата и чиста животна средина и заштита на планетата Земја.

Во таа насока, 5+ БЕНД и јунаците од 5+ ФАМИЛИЈА преку нивниот музичко-сценски перформанс „Немаме резервна планета“ со утврдена и проверена методологија на комбинирање едукација со игра, карактеристичен за 5+ и внимателно развиван низ долгогодишната работа со детската публика, на децата и нивните родители ќе им пренесат неколку важни и итни пораки околу развивањето на свеста за здрава животна средина, човечкото влијание врз нејзиното зачувување и уништување, позитивни примери во борбата за климатските промени и ќе потсетат дека немаме резервна планета и дека наша одговорност е, оваа во која постоиме да ја зачуваме.

Играат: Игор Ангелов, Ивана Павлаковиќ, Сара Климоска, Марија Кондовска, Чедомир Митевски, Дамјан Цветановски, Матеа Јанковска, Изабела Јакимова, Стефан Николовски

 

15 години 5+ … За растење на деца и родители.

Дата

Јул 30 2022
Expired!

Време

19:00

Цена

MKD200.00

Категорија

драмска програма
Долни Сарај

Локација

Долни Сарај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.