Пијано дуо, Р.С. Македонија

Кристијан Каровски
Мими Дучева

 

Кристијан Каровски-пијано

Кристијан Каровски е роден во Скопје во семејство на музичари-пијанисти. Уште од најмала возраст доаѓа до израз неговиот голем и невообичаен талент за музика. Музичкото образование го започнува во класата на проф. Људмила Романова, а го заокружува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф.Борис Романов, каде дипломира и магистрира со највисоки оценки и почест „Cum laude”. Неговата концертна дејност започнува на деветгодишна возраст со изведба на сериозни дела од литературата за пијано. Добитник е на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари.

Кристијан Каровски израснува во пијанист со врвни професионални перформанси и изразита индивидуалност.  Покрај многубројните солистички концерти,настапува и со Симфониски оркестри со концерти од железниот  пијанистички репертоар (В .А. Моцарт, П. И. Чајковски,

Е. Григ, К. Сен-Санс, С. Рахмањинов, С. Прокофјев ,Џ. Гершвин…)

Во повеќегодишната педагошка дејност,  Каровски се афирмира како истакнат пијано педагог. Неговите студенти покажуваат извонредни резултати на државни и меѓународни натпревари и се претставуваат на солистички концерти и настапи со Филхармонијата на Република Северна Македонија.

Кристијан Каровски е вонреден професор на катедрата по пијано на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

Мими Дучева-пијано

Мими Дучева е родена во Гевгелија во 2000 година. Забележана од своите родители како дете што покажува силен aфинитет кон уметноста, како во сликањето, така и во музиката.Тие одлучуваат таа професионално да ја образува својата дарба за пијано. Уште во првите  настапи на осумгодишна возраст, проф. Љубица Улишева го забележува нејзиниот потенцијал и решава целосно да се вложи во нејзината професионална музичка наобразба преку соло и дуо пијано настапи и натпревари.

Природниот развој на музичките настани низ годините, ја доведува Мими Дучева до започнување на соработка со проф.Кристијан Каровски, една година пред запишување во средно музичко училиште. Веднаш започнува да настапува како дел од концертите на неговата класа и посветено соработуваат изведувајќи камерна музика за четирирачно и осумрачно пијано.  На осумнаесет години го одржува првиот концерт по што музичкото образование го продолжува на ФМУ – Скопје во класата на вон. проф. Кристијан Каровски. Инспирирани од минатото камерно музицирање, Мими Дучева и нејзиниот ментор Кристијан Каровски започнуваат со заедничко свирење на композиции за четирирачно пијано. Првиот заеднички настап е на Фестивалот „ДАМ“ во Приштина, Р.Косово, а оваа 2022 година следат уште неколку заеднички настапи.

Во моментот Мими Дучева студира на Факултетот за музичка уметност во Скопје и работи како педагог по пијано во приватното музичко училиште  „Пијанофорте“.

 

Програма:

 

Ф. Шуберт: Фантазија во f-moll D.940

 

-Allegro molto moderato

-Largo

-Allegro vivace

-Tempo I

 

С. Рахмањинов: 6 пиеси оп.11

 

Barcarolle

Scherzo

Thème russe

Valse

Romance

Glory

 

М. Равел: Ла Валс

Дата

Јул 27 2022
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD300.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *