Премиера на театарската претстава „Амадеус“ од Петер Шафер

Режисер: Андреј Цветановски

 

НУ Турски театар Скопје

 

Талентот како категорија се оценува и проценува низ текот на историјата и претставува вредна особина на една личност. Иако тоа е категорија која е субјективна и лична, вистинскиот квалитет не може да се оспори, ако не веднаш, тогаш после времето на личноста која ги создава делата. Може да се каже дека талентот е неоспорна константа имуна на абеж од времето. Генијалноста на еден човек во едно поле, не може да се сокрие, заради малиот број на универзално прифатени генијалци.

Во полето на музиката, еден од малкуте кои го задолжиле човештвото со своите композиции и оставиле печат на своето време е Волфганг Амадеус Моцарт. Но не и признание од своите современици. Освен од еден. Антонио Салиери, неговиот вечен непријател, е единствениот човек кој ја препознава неговата генијалност. И заради таа генијалност, тој станува негов најголем непријател. Салиери, го носи проклетсвото да ја познава музиката толку добро да може да го препознае божественото во Моцарт, но никогаш да не создаде нешто толку совршено.

Талентот и разумот  не се сврзани еден со друг и не се развиваат секогаш заедно и не треба да се бараат заедно. Во целиот обид на претставување на тоа е и нашата работа во оваа претстава и славење на талентот и разумот како два различни принципи. Борбата на овие две работи е вечна и универзална.

Андреј Цветановски

 

Андреј Цветановски е режисер од Македонија. Во неговото режисерско творештво најчесто се занимава со класичната светска драматургија, но и дела од македонски автори. Неговата режисерска визија е визуелна и со намера да создаде ново читање на класичните приказни.

Дипломира на Универзитетот ЕСРА Париз-Скопје-Њуjорк во 2010 година со претставата „Салиери“ по текстот „Амадеус“ од Питер Шефер. На истиот факултет магистрирал во 2018 година со претставата „Сон на летната ноќ“ и тезата на тема „Адаптација на други дела од Вилијам Шекспир во Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир. По дипломирањето, од 2010 година е ангажиран како демонстратор по предметите Театарска режија и Глума, а подоцна станува асистент на проф. Дејан Пројковски.

Од 2013 до 2017 година беше уметнички директор на Театар Комедија. Во тој период од четири години, Театарот Комедија со својот разновиден репертоар се етаблира како најпосетуван театар во Македонија, а својата уметничка вредност ја потврди со учество и награди на повеќе национални и меѓународни фестивали.

Цветановски во својот опус има 40-ина претстави, различни по жанр и естетика, но слични во идејата да се создаде ново читање на класиката и да се инсистира на визуелната компонента на претставата во целина. Неговите претстави учествуваат на фестивали и гостувања во Македонија, како и во Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Албанија и Русија, каде што постигнуваат успех и признанија.

Освен работата во скоро сите македонски театри, тој многу често, во последните години, работи и во регионот, најчесто во Србија.

 

Улоги:

Селпин Ќерим

Јеткин Сезаир

Слаѓана Вујошевиќ

Аксел Мехмет

Џенап Самет

Бурханедин Ибрахим

Емине Халил

Озан Илдриз

Игбал Саидова

 

Сценографија: Сергеј Светозарев

Костими: Раде Василев

Асистент на режија: Џабир Доко

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

23 Јул 2025

Време

21:00

Цена

MKD400.00

Категорија

драмска програма

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *