„Стенхамар“ квартет, Шведска
Петер Олафсон – виолина
Пер Оман – виолина
Тони Бауер – виола
Матс Олофсон – виолочело
Основан во 1995 година, квартетот „Стенхамар“ низ годините се профилира како еден од најинтересните и многу респектирани квартети во Скандинавија. Нивното енергично, а истовремено технички рафинирано музицирање придонесува тие редовно да бидат присутни на фестивали за камерна музика не само во Шведска, туку и во Англија, Полска, Германија, Данска, Финска, Алжир, Индија и Јапонија. Во 2010 година квартетот дебитира во Лондон и е веднаш поканет за следен концерт во 2012 година. Нивниот репертоар во голема мера се фокусира на делата на Стенхамар и на дела од шведски композитори, но тие не ги занемаруваат делата од други, значајни композитори кои твореле за ваков состав, ставајќи посебен акцент на современата музика. Досега имаат нарачано и премиерно изведено повеќе од 30 дела од современи композитори. Нивното ЦД снимено за „Дафне рекордс“ во 2018 година со музика од композиторот Ларс-Ерик Ларсон на кое е поместена и првата снимка на делото „Доцни лисја во есен“ се здобива со одлични критики и е номинирана за Шведската награда „Греми“. Нивното второ ЦД снимено во 2009 година содржи дела од современи шведски квартети, а магазинот „Страд“ го оценува како „неверојатна изведба“. Во 2011 година квартетот започнува со снимање на сите квартети на Вилхелм Стенхамар на три ЦД-а за издавачката куќа „БИС“, а по нивното издавање добиваат одлични критики. Нивното последно ЦД со музика на Равел и Дебиси е номинирано за Шведската „Греми“ награда во 2019 година. Во 2021 квартетот дебитира во „Бетовен хаус“ во Бон и на фестивалот во Оксфорд. Од 2017 тие имаат уметничка резиденција на Универзитетот во градот Оребро.
Програма:
В. Стенхамар: „Елегија и Интермецо“ од свитата „Лодолеци пее“ оп. 39
Ф. Шуберт: Квартет бр. 4 C-dur
Adagio – Allegro con moto
Andante con moto
Menuetto: Allegro
Allegro
-Пауза-
М. Равел: Квартет F-dur
Allegro moderato – très doux
Assez vif – très rythmé
Très lent
Vif et agité