РЕЦЕНЗИЈА кон театарската претстава „Демони“: Емоционален ролеркостер со актерите од Народен театар-Битола
Замислете четири ликови, поделени во два брачни парови, кои на почетокот на претставата се скандинавски воздржани, а на крајот, по речиси два часа интензивна драма,буквално распаднати од најжестоките емоционални соголувања и согорувања. Катарина (Илина Чоревска) и Френк (Огнен Дранговски) е едниот брачен пар, а Јена (Марија Стефановска) и Томас (Здравко Стојмиров) вториот во интимната модерна […]