Ден: д.м.г

РЕЦЕНЗИЈА: Стефан Миленковиќ – Уметник што ги поместува границите кон прогрес во музиката

Секое доаѓање на Стефан Миленковиќ во Охрид на „Охридско лето“ се доживува како празник за неговите бројни обожаватели во Македонија. Проследувајќи ја богатата архива на фестивалот, ќе забележиме дека годинешниов настап на светски познатиот виолинист е своевиден мал јубилеј – десетти концерт на „Охридско лето“. Приказната за Стефан Миленковиќ и Охрид е љубов на прв …

РЕЦЕНЗИЈА: Стефан Миленковиќ – Уметник што ги поместува границите кон прогрес во музиката Read More »

„Охридско лето“ го носи американскиот пијанист Стивен Бјус

Американскиот пијанист Стивен Бјус  вечерва ќе одржи целовечерен концерт на „Охридско лето“. Концертот е закажан во 21 часот во црквата „Света Софија“ Роден и пораснат на фарма во источен Вашингтон, Стивен Бјус започнува да учи пијано на петгодишна возраст, а на само девет години дебитира со оркестар. Студира на колеџот „Витман“, на „Џулијард“ и на …

„Охридско лето“ го носи американскиот пијанист Стивен Бјус Read More »

Возвишено естетско доживување со обоистот Атанасов и пијанистката Ѓошевска

Прекрасно патување низ светот на класичната музика и овозможија на публиката на „Охридско лето“ истакнатите македонски уметници, обоистот Томе Атанасов и пијанистката Марија Ѓошевска. Вчеравечер во црквата „Света Софија“ тие настапија во дуо за првпат во нивните професионални кариери. -Марија Ѓошевска е една од најдобрите пијанистки-солистки во нашата држава што многу ме радува. Ова е …

Возвишено естетско доживување со обоистот Атанасов и пијанистката Ѓошевска Read More »

„Монастир“ –приказна за музичката историја на еврејската заедница во Битола

Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ а со поддршка на  Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, вчера се одржа концертот „Монастир“. Со неверојатни визуелизации и со нови, но и стари композиции беше претставена богата еврејска култура  која цветала во Монастир поточно денешна Битола пред Втората светска војна. Проектот е предводен од  композиторката и вокалистка …

„Монастир“ –приказна за музичката историја на еврејската заедница во Битола Read More »