Музичко-сценски перформанс „Немаме резервна планета“ за најмладата публика на „Охридско лето“

Музичко-сценски перформанс „Немаме резервна планета“  со  5+ Бенд и  јунаците од 5+ Фамилија денеска ќе се се одржи на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 19 часот.

Овој настан во продукција на ОХО наменет за најмладата публика, е во режија на Игор Ангелов а ќе се одигра во рамки на „Охридско лето“. Играат: Игор Ангелов, Ивана Павлаковиќ, Сара Климоска, Марија Кондовска, Чедомир Митевски, Дамјан Цветановски, Матеа Јанковска, Изабела Јакимова, Стефан Николовски.

5+ БЕНД и јунаците од 5+ ФАМИЛИЈА преку нивниот музичко-сценски перформанс „Немаме резервна планета“ со утврдена и проверена методологија на комбинирање едукација со игра, карактеристичен за 5+ и внимателно развиван низ долгогодишната работа со детската публика, на децата и нивните родители ќе им пренесат неколку важни и итни пораки околу развивањето на свеста за здрава животна средина, човечкото влијание врз нејзиното зачувување и уништување, позитивни примери во борбата за климатските промени и ќе потсетат дека немаме резервна планета и дека наша одговорност е, оваа во која постоиме да ја зачуваме.