Соопштение:

Поради лошите временски услови и најавите за врнежи од дожд, Ве известуваме дека театарската претстава „БАЛКАН БОРДЕЛО“ од Јетон Незирај во режија на Бљерта Незирај, која беше закажана за денеска во 22:00 во Предворјето на црква Св. Софија ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 21 часот.

Жалиме за временските неприлики, а воедно упатуваме извинување до публиката за настанатата промена со која денешната претстава, која е трансатлантски театарски проект помеѓу САД, Косово и Србија, се префрла во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид со почеток од 21:00 часот.

Ви благодариме за разбирањето

Со почит,

Н.У Охридско лето