Во Предворјето на црквата „Света Софија“ публиката на фестивалот „Охридско лето“ вчера уживаше во сефардската музичка традиција преку концертот на кларинетистот Даниел Елиас, контрабасистот Марко Брем, Скот Вилсон на уд и канон и Кејси Бонд на думбек (тарабука).
Ансамблот „Елиас Ладино“ ја враќа музиката на македонските Евреи дома. Од 1976 години овој ансамбл свири сефардска музика на концерти и фестивали низ целиот свет.
-Оваа е музика на шпанските Евреи, доловена на јазикот што го зборувале овде откако биле протерани од Шпанија во 15 век. Најголемиот дел беа љубовни песни. Голема е честа и неверојатно е чувството да се биде овде. На репертоарот ги имавме песните кои ни ги пееја нашите баби и дедовци, песни што ги понеле со нив во Америка. Многу од композициите што ги свиревме имаат сличност со македонската песна, вели кларинетистот Даниел Елиас, основач на ансамблот „Елиас Ладино“.
Сефарди се Евреите кои што биле протерани од Македонија за време на холокаустот. Тоа се луѓе кои што дошле во Македонија во 15 век кога шпанскиот крал издал наредба дека сите Евреи на територијата на Шпанија треба или да се покрстат или да се иселат од државата, како што и нашправиле, иселувајќи се низ Европа.