Под мотото партнерство за Охрид и промоција на македонската култура и традиција НУ Охридско лето и Македонија2025 веќе трета година реализираат успешно партнерство во чии рамки младите имаа прилика да се запознаат со убавините и културно-исрориските знаменитости на градот.
НУ „Охридско лето“ изминативе пет години во делот на подобрување на условите и промоција на културно историските вредности на Охрид воведе активности за прошетка на најатрактивните локации, локалитетот Плаошник, Самуиловите тврдини, црквата Kанео, манастирскиот комплекс „Св. Наум“ и атрактивното наколно живеалиште „Заливот на коските“, со туристички водич со што бројни уметници и гости на Фестивалот имаат прилика да се запознаат со убавините и историјата на градот. Со тоа „Охридско лето“ се потврди како најдобар презентер на нашата култура и развојот на културниот туризам.