Најдоброто од светот на француската класична музика секоја година се вткајува во програмата на фестивалот „Охридско лето“. Вчеравечер, фестивалската публика во црквата „Света Софија“ имаше можност да ужива во Француската вечер со маестралните уметници Ан Дезомбре и Уго Леклер кои свиреа на четирирачно пијано.
Двајцата пијанисти ја покажаа нивната виртуозност преку внимателно одбраниот репертоар со дела од Форе, Дебиси, Равел, Леклер и Пуланк.
– Пијано четворорачно е многу тешко за свирење. Секако, конекцијата со другиот член од дуото е најважна за успешен настап. Повозбудливо е и покомплексно бидејќи просторот на пијаното е ист, но ние сме две раце повеќе и е тешко за координирање. Ние имаме среќа бидејќи сме синхронизирани, добро координирани и имаме многу добра комуникација, рече пијанистот Уго Леклер.
Француската вечер на фестивалот „Охридско лето“ започна во 2008 година за време на француското претседателство со Европската унија. Оттогаш наваму се одржува со поддршка на Амбасадата на Франција во Република Северна Македонија и Францускиот институт во Скопје.
-Со текот на годините, француското културно присуство во Северна Македонија има своја летна престолнина, а тоа е градот Охрид. Би сакала да ви честитам директорке Поповиќ, што успеавте да создадете прекрасна фестивалска програма која што е во знакот на маркантни настани како што беше концертот на отварање со големата романска певица, сопранот Анџела Георгиу, како и доаѓањето на интернационалната филмска ѕвезда, актерот Џон Малкович. Му посакувам долг живот на фестивалот „Охридско лето“, најголем културен настан во земјава.Француската вечер се вкорени во традицијата на фестивалот и со текот на годините стана привилегиран момент за презентација на млади и големи таленти на француската музика, на големо задоволство на публиката, рече вршителот на должност во Амбасадата на Франција во РС Македонија, Емануел Гардиј, отворајќи ја Француската вечер.

Минатата година, публиката на Француската вечер на „Охридско лето“ уживаше во ентузијазмот испреплетен со виртуозност на младите и брилјантни музичари од гудачкиот квартет „Агат“.