Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ оствари средба со амбасадорката Невена Јовановиќ

Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ денеска во Амбасадата на Република Србија во Република Северна Македонија во Скопје оствари средба со амбасадорката Невена Јовановиќ.


На средбата, Поповиќ истакна дека настаните одржани во рамките на Српските вечери изминативе три години ги донесоа најдобрите уметници на радост на публиката. Изразувајќи огромна благодарност за несебичната поддршка, директорката на „Охридско лето“ нагласи дека и во годините што следат ваквата меѓусебна соработка ќе донесе уметници со светско реноме.
„Навистина е огромно задоволството што продолжуваме да ги зајакнуваме веќе одличните културни врски помеѓу нашите две земји. Со тоа ја потврдуваме иницијативата на Отворен Балкан меѓу двете земји“, рече Поповиќ.