nikola.ohridskoleto

Виолинистот Роман Симовиќ ќе концертира на „Охридско лето“

Брилјантниот виолинист Роман Симовиќ од Црна Гора вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе одржи концерт во  рамки на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“. На репертоарот се „Шест сонати за соло виолина“ од Ежен Исаи. Како солист, Роман Симовиќ настапува со некои од водечките оркестри во светот: Лондонскиот симфониски оркестар, оркестарот на […]

Виолинистот Роман Симовиќ ќе концертира на „Охридско лето“ Read More »

Музика со автентичните инструменти на уметниците од ансамблот „Ла Спања“

Шпанската вечер на 63-тото „Охридско лето“ вчеравечер беше во знакот на камерниот ансамбл „Ла Спања“. Шпанските музичари од овој состав свиреа на автентични инструменти. Алехандро Мариас кој воедно е и диригент музицираше на виола да гамба исто како и Пабло Гаридо,  Рамиро Моралес на архлаута и барокна гитара, Хуан Карлос де Мулдер на  архлаута и

Музика со автентичните инструменти на уметниците од ансамблот „Ла Спања“ Read More »

Рецензија: Музички омаж за Охрид низ призмата на пијанистот Франк Дупре

По извонредниот концерт во предворјето на „Света Софија“, каде германското Франк Дупре Трио оствари неверојатна симбиоза со публиката, атрактивно и особено уметнички спојувајќи ја класичната музика со џезот, со видливо нетрпение се очекуваше солистичкиот рецитал неколку дена подоцна, на носителот на ова трио, младиот пијанист Франк Дупре. Всушност, Дупре на охридската публика ѝ е познат

Рецензија: Музички омаж за Охрид низ призмата на пијанистот Франк Дупре Read More »

Рецензија: Емоционалната сложувалка на собирачите на парчињата душа во „Ана Каренина“

Ако распарате перница наполнета со пердуви, веројатно никогаш нема да можете да ги соберете. Што, пак, се случува кога ќе ја распарате сопствената утроба, таму каде што веруваме дека се наоѓа душата? Собирањето парчиња душа е, веројатно, уште помакотрпна и позалудна работа од собирањето пердуви. Но, како и да е, некои од одговорите дава претставата

Рецензија: Емоционалната сложувалка на собирачите на парчињата душа во „Ана Каренина“ Read More »

Франк Дупре – музичар со бескраен хоризонт

Еден од водечките млади пијанисти на денешницата Франк Дупре од Германија вчеравечер ги воодушеви љубителите на класичната музика кои беа во редовите на публиката на фестивалот „Охридско лето“. Маестралниот пијанист во црквата „Света Софија“  одржа  пијано-рецитал почнувајќи со Шубертовата „Вандерер“ Фантазија C-dur  оп.15, а потоа и со Арабеска C-dur  оп. 18 од Роберт  Шуман и

Франк Дупре – музичар со бескраен хоризонт Read More »

„Ана Каренина“-Две и полчасовна сензационална романтична трагедија од високото царско општество

Толстоевата херона Ана Каренина од истоимениот роман, вчеравечер беше поставена на фестивалот „Охридско лето“ преку претставата на  Театарот „Ujvideki Szinhaz” од Нови Сад,  Србија, а во режија на истакнатиот македонски режисер Дејан Пројковски. Две и полчасовната игра на сцената ја долови страсната и несреќна љубов помеѓу Ана Каренина и Алексеј Вронски, проблемите во бракот и

„Ана Каренина“-Две и полчасовна сензационална романтична трагедија од високото царско општество Read More »