nikola.ohridskoleto

Магична вечер со светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“

Во преполното Предворје на црквата „Света Софија“, светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“ приредија незаборавна музичка вечер која ја одбележаа врвни интерпретации, силни емоции и извонредна атмосфера. Концертот се одржа во рамки на програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Сцената, внимателно уредена и осветлена со стотици свеќи, создаде посебен амбиент […]

Магична вечер со светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“ Read More »

Концерт под свеќи со Стефан Миленковиќ и „Профундис“

Репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт под свеќи на камерниот оркестар „Профундис“  од Македонија и српскиот виолинист Стефан Миленковиќ.  Во Предворјето на црквата „Света Софија“ од 21 часот, тие ќе настапат под диригентската палка на маестра Ѓурѓица  Дашиќ. Еден од најпризнатите виолинисти на неговата генерација, Стефан Миленковиќ ужива углед

Концерт под свеќи со Стефан Миленковиќ и „Профундис“ Read More »

Прекрасна сонатна вечер со виолинистот Ниек Бар и пијанистот Бен Ким

Харизматичниот  холандски виолинист Ниек Бар кому му се воодушевува публиката од целиот свет  и американско-холандскиот пијанист Бен Ким настапија вчеравечер во рамки на Холандската вечер на фестивалот „Охридско лето“. Двајцата извонредни музичари вечерта ја зпочнаа со Сонатата за виолина и пијано од Ц.Франк, а  продолжија со уште една Соната за виолина и пијано  од Франсис

Прекрасна сонатна вечер со виолинистот Ниек Бар и пијанистот Бен Ким Read More »

„Вокален и пијанистички огномет“ за роденденот на „Охридско лето“

Со вокален раскош,  пијанистичка виртуозност и уметничка енергија, „Охридско лето“ го одбележа својот 66. роденден. Во прекрасната „Света Софија“ каде и започна приказната за „Охридско лето“, фестивалската публика имаше можност да ужива во впечатливиот настап на Мајан Лихт, контратенор од Израел и Пшемек Виницки, пијанист од Полска, уметници кои со својата интерпретација донесоа посебна енергија

„Вокален и пијанистички огномет“ за роденденот на „Охридско лето“ Read More »

На „Охридско лето“ промовирана монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“

Монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“  од авторите м-р Снежана Анастасова Чадиковска и проф.д-р Александар Трајковски посветена на 100-годишнината од раѓањето на  оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ беше промовирана вчеравечер во рамки на фестивалот „Охридско лето“ кој одбележа  66 години од своето постоење, а започна токму на 4 август далечната 1961 година со солистички рецитал на оваа голема уметница,

На „Охридско лето“ промовирана монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“ Read More »

Фестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од постоењето

Со промоција на монографијата „Ана Липша-Тофовиќ” од авторите Снежана Анастасова Чадиковска и Александар Трајковски и концерт на израелскиот  машки сопран/контратенор Мајан Лихт и полскиот пијанист Пшемен Виницки,  денеска ќе биде одбележан 66.роденден на фестивалот „Охридско  лето“. Монографијата ќе биде промовирана во 19 часот  во црквата „Света Софија“ каде што токму на овој ден, 4 август,

Фестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од постоењето Read More »