Новости

Рецензија: Музички омаж за Охрид низ призмата на пијанистот Франк Дупре

По извонредниот концерт во предворјето на „Света Софија“, каде германското Франк Дупре Трио оствари неверојатна симбиоза со публиката, атрактивно и особено уметнички спојувајќи ја класичната музика со џезот, со видливо нетрпение се очекуваше солистичкиот рецитал неколку дена подоцна, на носителот на ова трио, младиот пијанист Франк Дупре. Всушност, Дупре на охридската публика ѝ е познат […]

Рецензија: Музички омаж за Охрид низ призмата на пијанистот Франк Дупре Read More »

Рецензија: Емоционалната сложувалка на собирачите на парчињата душа во „Ана Каренина“

Ако распарате перница наполнета со пердуви, веројатно никогаш нема да можете да ги соберете. Што, пак, се случува кога ќе ја распарате сопствената утроба, таму каде што веруваме дека се наоѓа душата? Собирањето парчиња душа е, веројатно, уште помакотрпна и позалудна работа од собирањето пердуви. Но, како и да е, некои од одговорите дава претставата

Рецензија: Емоционалната сложувалка на собирачите на парчињата душа во „Ана Каренина“ Read More »

Франк Дупре – музичар со бескраен хоризонт

Еден од водечките млади пијанисти на денешницата Франк Дупре од Германија вчеравечер ги воодушеви љубителите на класичната музика кои беа во редовите на публиката на фестивалот „Охридско лето“. Маестралниот пијанист во црквата „Света Софија“  одржа  пијано-рецитал почнувајќи со Шубертовата „Вандерер“ Фантазија C-dur  оп.15, а потоа и со Арабеска C-dur  оп. 18 од Роберт  Шуман и

Франк Дупре – музичар со бескраен хоризонт Read More »

„Ана Каренина“-Две и полчасовна сензационална романтична трагедија од високото царско општество

Толстоевата херона Ана Каренина од истоимениот роман, вчеравечер беше поставена на фестивалот „Охридско лето“ преку претставата на  Театарот „Ujvideki Szinhaz” од Нови Сад,  Србија, а во режија на истакнатиот македонски режисер Дејан Пројковски. Две и полчасовната игра на сцената ја долови страсната и несреќна љубов помеѓу Ана Каренина и Алексеј Вронски, проблемите во бракот и

„Ана Каренина“-Две и полчасовна сензационална романтична трагедија од високото царско општество Read More »

Шпанска вечер на „Охридско лето“ со камерниот  ансамбл „Ла Спања“

Камерниот оркестар „Ла Спања“ вечерва ќе настапи на 63-тото „Охридско лето“  во рамки на Шпанската вечер на фестивалот.  Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. На програмата ќе бидат дела од Хуан дел Енцина, Винченцо Капирола, Гиљелмо Ебрео да Песаро, Франческо да Милано, Антоние де Кабесон, Хајнрих Исак, Франциско

Шпанска вечер на „Охридско лето“ со камерниот  ансамбл „Ла Спања“ Read More »

ТЕМАТСКА ОРИГИНАЛНОСТ И КВАЛИТЕТНА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА

Длабоко навлегувајќи кон средината на фестивалската програма, „Охридско лето“ ја приреди традиционалната „Вечер на Европска унија“, во чија поддршка, активно е вклучена делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија. По поздравните говори на директорката на фестивалот Наташа Поповиќ и амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, овогодинешната „европска вечер“, својот музички израз го оствари преку гостувањето на

ТЕМАТСКА ОРИГИНАЛНОСТ И КВАЛИТЕТНА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА Read More »

Импресивна вечер на „Охридско лето“ – промоција на книгата „Боите на мојата музика“ и концерт на Камерниот оркестар „Саша Николовски – Ѓумар“

Редовните посетители на годинешново „Охридско лето“ имаа прилика по втор пат (после концертот на „Дупре Џез Триото“, проследено со изложбата фотографии од Александар Томовски) да присуствуваат на богато осмислена тематска вечер: промоција на книгата „Боите на мојата музика“ од професор Снежана Анастасова Чадиковска и концерт на Камерниот оркестар „Саша Николовски – Ѓумар“. Не случајно, промоцијата

Импресивна вечер на „Охридско лето“ – промоција на книгата „Боите на мојата музика“ и концерт на Камерниот оркестар „Саша Николовски – Ѓумар“ Read More »

Евроамбасадорот Гир: „Охридско лето“, фестивал што многу цврсто е внесен на меѓународната културна мапа

Вчерашната Вечер на Европската унија на „Охридско лето“ беше одлична можност да се ужива во звуците на кларинетот и пијаното преку извонредниот концерт на младите и талентирани уметници, Шпанецот Пабло Бараган и француската пијанистка Елоиз Бела Кон. Обраќајќи се пред присутната публика во црквата „Света Софија“, Амбасадорот на Европската унија во РС Македонија, Дејвид Гир,

Евроамбасадорот Гир: „Охридско лето“, фестивал што многу цврсто е внесен на меѓународната културна мапа Read More »

Новосадските актери ја носат „Ана Каренина“ на „Охридско лето“

Драмскиот репертоар на 63-тото „Охридско лето“ продолжува вечерва со театарската претстава „Ана Каренина-Во љубовта нема повеќе и помалку“  од Лав Николаевич Толстој, во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на театарот Нови Сад „Ujvideki Szinhaz” од  Србија. Претставата ќе се одигра на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот.

Новосадските актери ја носат „Ана Каренина“ на „Охридско лето“ Read More »

Пијано рецитал на „Охридско лето“ со Франк Дупре

Осумнаесеттата вечер од музичката програма на 63-тото издание на фестивалот „Охридско лето“ е резервирана за пијано рецитал на извонредниот млад пијанист Франк Дупре од Германија. Дупре ќе настапи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин, 21 часот, а ќе изведе класични композиции од Шуберт, Шуман, Балакирјев, Буланже, Дебиси, Равел и  Гершвин. Овој млад, но

Пијано рецитал на „Охридско лето“ со Франк Дупре Read More »