Новости

Виртуозно музичко патување со Немања Радуловиќ и „Double Sense“.

Концерт за паметење донесе вчеравечер фестивалот „Охридско лето“ во рамките на Српската вечер на фестивалот на која настапи извонредниот српски виолинист Немања Радуловиќ во придружба на камерниот оркестар „Double Sensе“. Под ѕвезденото небо на Долни Сарај и пред бројната публика, Радуловиќ со неговата уникатна енергија и искреност во изведбите, како и со возбудливата виртуозност, длабочина […]

Виртуозно музичко патување со Немања Радуловиќ и „Double Sense“. Read More »

На „Охридско лето“ концерт посветен на флејтистот Илија Зимбо

Концерт посветен на прерано починатиот уметник, флејтистот Илија Зимбо ќе се одржи вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ како дел од музичката програма на фестивалот „Охридско лето“. Ќе настапи „Пијано Трио“ составено од тројца етаблирани музичари Татијана Петрушевска – Караскаковска – прва обоа во оркестарот на НОБ, Марјан Милошевски – прв фаготист во

На „Охридско лето“ концерт посветен на флејтистот Илија Зимбо Read More »

Концерт на Трио „Инвентио“ од Италија на „Охридско лето“- Префинет виолински звук

Настапот на италијанското трио „Инвентио“, за публиката на „Охридско лето“ беше прилика да слушне одличен камерен состав, што како формација ретко се сретнува на концертните подиуми. Јулија Беринскаја, Валентина Данелон (прва и втора виолина) и Анна Серова (виола) го сочинуваат триото „Инвентио“. Ансамблот делува првенствено во Италија, настапува низ целиот свет и со уметничката дејност

Концерт на Трио „Инвентио“ од Италија на „Охридско лето“- Префинет виолински звук Read More »

Извонреднен концерт на гудачкото трио „Инвентио“ во црквата „Света Софија“

Младите но исклучително талентирани уметници од италијанското трио „Инвентио“, виолинистките Јулиа Беринскаја и Валентина Данелон и виолистката Ана Серова вчеравечер беа вистинско освежување за публиката на „Охридско лето“ со нивниот концерт во црквата „Света Софија“. Изведувајќи дела од Бах, Де Берио, Танејев и Дворжак, членовите на овој гудачки состав уште еднаш го потврдија својот веќе

Извонреднен концерт на гудачкото трио „Инвентио“ во црквата „Света Софија“ Read More »

Српска вечер на „Охридско лето“ со виртуозот Немања Радуловиќ и оркестарот „Double Sense“

Српско-францускиот виртуоз на виолина,Немања Радуловиќ, вечерва ќе настапи на „Охридско лето“ во рамки на традиционалната Српска вечер на фестивалот што се одржува со поддршка од Амбасадата на Република Србија во Република Северна Македонија. Радуловиќ  заедно со оркестарот „Double Sense“ на сцената „Долни Сарај“  од 21 часот ќе го претстават албумот „Корени“ како дел од нивната

Српска вечер на „Охридско лето“ со виртуозот Немања Радуловиќ и оркестарот „Double Sense“ Read More »

„Госпоѓиците од Авињон“ –демистификација на петте жени од истоимената слика на Пикасо

Фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер за публиката ја донесе балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ изведена од Националната Опера и балет на Република Северна Македонија. Во извонредниот амбиент на Долни Сарај, балетот во девет слики зборуваше  за петте жени, петте куртизани кои го одбележале бурниот живот на големиот уметник Пабло Пикасо, за нивниот живот и потрага по

„Госпоѓиците од Авињон“ –демистификација на петте жени од истоимената слика на Пикасо Read More »

Рецензија: Концерт на FAME’S – европски изведувачки институт на „Охридско лето“ и уметницата Ирина Мурешану

Програмските тенденции на фестивалот „Охридско лето“ во музичкиот дел, последниве години, се стремат кон презентација на уметнички поставки, содржински занимливи за широк слушателски аудиториум. Концертната вечер на гудачкиот оркестар составен од млади музичари од повеќе европски земји – образовно – уметничка платформа и дел од активностите на европскиот изведувачки институт FAME’S, беше замислен како своевидно

Рецензија: Концерт на FAME’S – европски изведувачки институт на „Охридско лето“ и уметницата Ирина Мурешану Read More »

Музичката програма на „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на Трио „Инвентио“

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува  со настап на Триото „Инвентио“ од  Италија. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. На програмата на вечерашниот концерт ќе бидат изведени дела од Бах, Де Берио, С. Танејев и  А. Дворжак. Ова трио го сочинуваат Јулиа Беринскаја, прва виолина, Валентина

Музичката програма на „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на Трио „Инвентио“ Read More »

Прекрасна вечер со романската виолинистка Ирина Муресану и оркестарот „FAMES“

Црквата „Света Софија“ вчеравечер беше претесна да ги прими љубителите на класичната музика кои сакаат да го проследат концертот на романската виолинистка Ирина Муресану и оркестарот „FAMES“ од Република Северна Македонија.Концертот се одржа во рамки на Романската вечер на „Охридско лето“ со поддршка на амбасадата на Романија во нашата земја.Отворајќи ја вечерта, амбасадорката на Романија,

Прекрасна вечер со романската виолинистка Ирина Муресану и оркестарот „FAMES“ Read More »

Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва на „Охридско лето“

Национална опера и балет од Република Северна  Македонија со балетот „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва гостува на програмата на „Охридско лето“. Балетската претстава поделена во девет слики ќе биде изведена на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот. Улогите ги играат Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж

Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва на „Охридско лето“ Read More »