Антонио Серано – усна хармоника, Шпанија; Констанца Лехнер – клавир, Шпанија

Антонио Серано е шпански виртуоз на усна хармоника, кој своето образование го стекнува под менторство на прочуениот Лари Адлер. Неговите импресивни технички способности на хроматска усна хармоника, му овозможиле да истражува различни музички стилови, па така неговиот репертоар се состои од дела од класичната музика, па сè до дела од џез, танго и фламенко музиката. Благодарение на тоа, Серано станува еден од најважните импровизатори на својата генерација. Големата популарност му овозможува да соработува со некои од најзначајните шпански музичари, вклучувајќи го и познатиот гитарист Пако де Лусија.

Покрај тоа, настапувал и со повеќе симфониски оркестри во светот, а снимал музика и за некои од филмовите на познатиот светски режисер Педро Алмодовар. Неговата дискографска збирка брои дури 11 сопствени носачи на звук.

Пијанистката Констанца Лехнер првиот контакт со овој инструмент го има уште на двегодишна возраст. Студиите ги завршува на конзерваториумот „Сан Лоренцо дел Ескориал“, а паралелно студира и чембало, стара музика, модерен клавир и џез на „Школата за креативна музика“ во Мадрид. Ваквиот сестран пристап кон музиката и овозможил соработка со најразлични симфониски оркестри и изведувачи од Шпанија и светот. Покрај музичките сцени во родната земја, Лехнер досега има настапувано и во Франција, Грција, Јордан, Швајцарија, САД, Канада, Турција, Кипар, Бахреин, Оман и Германија. Во 2015 година го снима компакт дискот „Infancia“ со цел да им ја доближи на децата музиката на големите светски композитори.

  Програма:   Франциско Тарега (1852-1909): Сеќавања на Алхамбра   Мануел де Фаља (1876-1946): Шпански танц бр. 1 од операта „Краткиот живот“ Ритуален огнен танц од балетот „Волшебната љубов“   Енрике Гранадос (1867-1916): Шпански танц бр. 5 „Андалуза“   Пабло де Сарасате (1844-1908): Шпански танци оп. 23
  1. Playera
  2. Zapateado
  Карлос Густавино (1912-2000): Encantamiento“En los Surcos del Amor“                                                     Se Equivocó la Paloma“   Астор Пјацола (1921-1992): „Adios Nonino“                                                 „Fracanapa“                                                 „Oblivión”                                                 „Libertango“
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=2033