Машки вокален Ансамбл „Ноктурно“ , Србија

Програма:   Руски традиционален напев: „Слава во вишњих Богу“ Сарти- Мјасников: „Радујте се луѓе“ Руски напев: „ Душе Моја“ П. И. Турчанинов: „Воскресни Боже“ А. Л. Ведељ: „Отвори ги вратите на покајаније“ А. Гавански: „Големо славословие“ Киевски напев: „Свјати Боже“ Д. Котур: „На твојот крст“ Старо-симонобска (трад):„ Иже Херувими“ К. Станковиќ: „Достојно ест“, „ Свет“, „Тебе Поем“ Л. М. Гавриловиќ: „О тебе радујсја“ Г. Максимовиќ: „Достојно ест“       Вокалниот ансамбл „Ноктурно“ е основан во 2005 г. и го сочинуваат професионални уметници кои се постојани членови на хорот на операта на Народниот театар во Белград. Ансамблот настанал со желба на домашната и странската публика да им се понудат дела од различни жанрови. Во текот на петнаесетте години постоење, ансамблот настапува во различни формации- од мешовит до само женски или само машки состав. Последните години „Ноктурно“ остварува плодна соработка со диригентот Ѓорѓе Станковиќ и се профилира како машки ансамбл кој ја негува традиционалната и духовна музика од Србија и Балканот. Остваруваат  бројни настапи на домашната, српска сцена, но и во странство во САД, Исланд, Хрватска, Северна Македонија и Босна и Херцеговина.