Дуото „Сора“ е основано во 2015 година, а само година подоцна го одржува својот прв концерт. Оттогаш редовно настапуваат на разновидни настани, на кои изведуваат свои композиции, аранжмани на познати дела, како и дела од класичната музика, традиционалната и народната музика, филмската музика, свирејќи притоа на различни инструменти – саксофон, хармоника, пијано, виолина и други. Дуото е добитник на специјалната награда од публиката на 14-тиот концерт во салата Јуме во Јапонија во 2016 година.
Учида Шиори започнува да учи пијано на две-годишна возраст, а саксофон 10 години подоцна. Дипломира на Колеџот за музика „Кунитачи“, а како резултат на успешните студии започнува да настапува како солист со Универзитетскиот симфониски оркестар и други камерни состави. Студирала под менторство на Кумои Масато, Араки Коичи и Коџи Јуреи – професори и вистински професионалци во својата дејност. Посетувала и мајсторски курс кај познатиот американски саксофонист Фредерик Л. Хемке.
Фати Фехмију своето музичко образование го започнува свирејќи хармоника и виолина. Уште од рана возраст го привлекува композицијата, па затоа паралелно се запишува на академски студии по виолина и композиција. Магистрира музикологија и музичка педагогија, а воедно студира и компјутерска музика на Колеџот за музика „Кунитачи“ во Токио, каде ги започнува и своите докторски студии. Во кариерата соработувал со истакнати артисти, а добитник е и на повеќе награди.
Програма:
Традиционална песна:Кавал свириТрадиционална песна:Ерген дедоЈохан СебастијанБах (1685-1750):AirАлександар Бородин (1833-1887): Половцијански танци од операта „Принц Игор“
Суита од операта „Принц Игор“
Антонио Вивалди (1678-1741): Кончерто гросо g – moll, RV 578
Adagio e spiccato
Allegro
Larghetto
Allegro
Фати Фехмију : Hollows за хармоника и сопран саксофон
Астор Пјацола (1921-1992): OblivionДуо„Сора“ :Сора валцер бр. 2Алесандро Марчело (1673-1747): Концерт за обоа d – moll, S. Z799
Andante
Adagio
Allegro
Традиционална песна: SakuraБела Барток (1881-1945): Романски народни танци, Sz. 56
Joc cu bâtǎ
Brâul
Pê-loc
Buciumeana
Poargǎ româneascǎ
Mǎrunţel
Астор Пјацола (1921-1992): Libertango
*Сите дела се во аранжман на Сора Дуо