Џузепе Нова – флејта, Италија; Џорџо Коста – пијано, Италија

Прочуен како еден од најистакнатите италијански флејтисти на својата генерација, Џузепе Нова дебитира во 1982 година како солист со Симфонискиот оркестар на италијанската телевизија РАИ. Со ова започнува неговата блескава кариера, која го носи во најпрестижните концертни сали во Европа, Соединетите Американски Држави и Азија (Јапонија, Тајланд, Кина, Кореја, Сингапур). Како солист соработувал со бројни оркестри во најпознатите концертни сали и фестивали. Како еден од најбараните професори, често одржува и мајсторски курсеви низ светот. Издал голем број компакт-дискови соработувајќи со еминентни изведувачи, а од 2006 година снима за познатата јапонска издавачка куќа „Камерата Токио“. Во моментов работи како професор во фондацијата „Аоста Мјузик“ и како гостин-професор на Колеџот „Света Марија“ во Мериленд, САД. Џорџо Коста дипломира со највисоки почести на Конзерваториумот „Џузепе Верди“ во Турин, а специјализира под менторство на Алберто Моцати и Фаусто Задра во Интернационалната школа за пијано во Лозана. Учествувал на мајсторските курсеви предводени од Рикардо Бренгола и мајсторскиот курс на Мареј Перахиа во Фиренца. Денес Коста редовно одржува рецитали, настапува како солист со оркестар и во камерни состави со добро познати светски изведувачи. Досега се појавил на музичките сцени во Европа, САД, Јужна Америка и Јапонија. Неговата дискографија опфаќа неколку снимки издадени од РАИ. Работи како професор на Конзерваториумот „Новара“ и во Школата за музика во Аоста.   Програма:   Волфганг Амадеус – Моцарт (1756-1791): Рондо во  D – dur K. 485                                                                                         Анданте C – dur, K. 315/285e   Волфганг Амадеус – Моцарт (1756-1791): Арија на Кралицата на ноќта „Der Hölle Rache kocht in                                                                   meinem Herzen” од операта „Волшебната флејта“   Гаетано Доницети (1797-1848): Соната за флејта и пијано  C-dur   Пол Женин (1832-1903): Фантазија на теми од операта „Травијата“   Жил Масне (1842-1912): Медитација од операта „Таис“   Вилхелм Поп (1828-1903): Риголето фантазија оп. 335   Франц  Доплер (1821-1883): Унгарска пасторална фантазија, оп. 26   Жорж Бизе (1838-1875): Entr’acte, теми и варијации на Хабанера од операта „Кармен“  
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=2057