„Сви марш на плес“ Балкански танцов проект, Кореограф Игор Киров

Танцовата претстава „Сви марш на плес“ не носи во еклектичен измислен свет о кој песните на култниот екс-ЈУ бенд  Бијело Дугме стануваат основа за приказната за едно време и една генерација. Tема на повеќето песни на оваа група е љубовта и љубовните односи, од оние кои ги посакуваме до оние кои се живеат, или пак оние кои веќе се на нивниот крај и припаѓаат на носталгична рефлексија на нивните јунаци. Инспирација за атмосферата на претставата е најдена во спотовите на бендот- енергични, разиграни, потполно во духот на светските трендови на тогашната рок сцена. Рок движењето во поранешна Југославија беше симбол на еманципација на младите и на прогресот на општеството, додека пак неговиот предзнак сепак алудира на руралниот контекст на едно општество кое сѐ  уште не созреало, но како такво има и свои позитивни страни- чистина и детска наивност. Токму тие позитивни страни се основа за звукот на Бијело дугме кој успешно ги спојува традиционалните елементи со оние современи, препознатливи локални звуци и со алтернативните звуци на рокенролот. Македонскиот кореограф со меѓународна кариера Игор Киров, ги користи токму омилените и препознатливи мелодии и хитови на Бијело Дугме во креирањето на динамична танцова претстава чие дејствие е сместено во замислена младинска работна бригада кои беа типични за летните работни акции во првата половина на 80-те години на минатиот век. Енергија и предаденоста на танчарите  на модерниот балет, во комбинација со музиката на Горан Бреговиќ и креативниот импулс на Киров гарантираат свежо и иновативно театарско искуство. Во претставата играат Емир Фејзиќ, Зулеја Кечо, Бранко Митровиќ, Лука Живковиќ, Јакша Филиповац, Енди Шроете, Мојца Мајцен, Теодора Радивојевиќ, Ана Кузмановиќ.