Театарска претстава „Буре барут“ од Дејан Дуковски режисер: Јилдирај Шахинлер

Народен театар од Истанбул   „Буре барут“на Дејан Дуковски е прикажана во многу европски земји но и надвор од Европа. Ремек-делото, е составено од 11 различни приказни поврзани во форма на една целина. Идејата на Дуковски е да го прикаже Балканот преку метафоричната синтагма: буре барут; и „сите сакаат да фатат џаде“, а што по/таму? Оттука почнува мотивацијата на ликовите, на нивните постапки: убиства, осакатување, неверства, заговори, обиди секогаш безуспешни. Тие маргиналци се непредвидливи, фрустрирано понесени кои или завршуваат со само/убиство или продолжуваат во ќор-сокак резигнирани и носталгични; типови кои немаат поим како да се вратат во некаква нормала, носени од (некаков) балкански во ген пишан рецепт за животот. Секоја сцена во „Буре барут“е самостојна и секогаш еден од ликовите од претходната го има и во следната сцена, при што тие ликови-провлекувачи, како да обединуваат една виртуелна целина. Така, во првата и последната сцена се појавуваат истите имиња, но двете се разликуваат и по времето и по просторот: сон/јаве, по целиот амбиент и по постапките на ликовите. „Буре барут“ претставува хипер-реална алегорија на балканскиот социо-културен стереотип. Јилдирај Шахинлер дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Истанбул (1990), а во исто време ја започнал својата професионална кариера во Театарот во Истанбул (IBB. Sehir Tiyatrosu) во 1986 година. Оттогаш работи како актер и режисер. Како актер неговото име е поврзано со многу водечки улоги: како Лопахин, Гилгамеш, Стенли (Роденденска забава) … а како режисер, неговото име се спомнува во Тартуу (Безирѓан), Роденден, Алеви Гиллер (Ден во пламен), Ничија земја … Тој е исто така основач и уметнички директор на Истанбул Халк Театар, кој беше основан во 2006 година. Работел како професор на неколку универзитети, а во моментов е уметнички директор на Универзитетот за театар во Истанбул, Халк Театар.     Улоги:   Ајтек Енал Башак Ѓумулџинелиоглу Еркан Џан Фарук Акгерен Рухи Сари Рија Енал Ашкин Шенол Бахтијар Енгин Јилдирај Шахинлер