Театарска претстава „History of Motherfuckers“

Претставата не е политика. Претставата се занимава со човекот и неговата заедница. Претставата е борба. Хумана борба. Никој не го сака Кориолан. Ниту Шекспировата трагедија, ниту неговиот лик. А тој е вистинит и искрен. Потајно сите се согласуваме со сè што кажува. Но, едно е јасно. Тој не е ние. Тој ни кажува што ние не смееме за себе. Да е дипломат, да умее и да сака да ја користи слатката, нежна лага која е предуслов за демократско општество, ние не би ни зборувале за него. Лагата не е слатка, ниту нежна. Крвава е и безмилосна. Додека пак вистината и искреноста сепак се предуслови за вистинска уметност. Дури и кога лажеме минуваме низ пеколот на искреноста за уметничкиот акт да постане стварност. Барем за онаа уметност за која вреди да се зборува. Низ историјата, постојано зборуваме за разни мадерфакери, кои биле грди, глупави, лоши, па некако ја зезнале работата и не спречиле нас да уживаме во крајно совршеното национално општество на добрина и благосостојба, слобода, сигурност и вечни победнички војни. Народот, ѓраѓанството секогаш е само лик без можност да одговара. Тој нејасен поим како некој апстрахиран октопод никогаш не значи збир на поединци. Како да не е индивидуа оној кој пополнува гласачко ливче, како да не е тој кој го уфрлува ливчето во гласачката кутија. Народот не е одговорен. Како да не е, тој кој ги избира оние кои ги мразиме, оние кои што ги сметаме виновни за сѐ. Народот се одрекува од одговорноста, бидеќи со гласачкото ливче тоа му го предава на некој поединец. Ако ништо друго барем за 4 години. А народот за себе говори дека е изманипулирана група.  Мнозинството е закон. Секси мадер факер. А тоа мнозинство никако да каже да, и покрај тоа што не се согласува со оние што мислат поинаку, ќе изгине само овие да можат тоа да го кажат. Нема врска, дали оваа реченица е кога било изговорена. Лагата е слатка. Вистинита. А слободата боли.   Андраш Урбан   Андраш Урбан е роден 1970 и е театарски режисер. На седумнаесет годишна возраст ја основал независно театарската и книжевна работилница во која работел како автор, режисер и актер. Потоа ја формирал театарската група Ајова, која го третира театарот како специфична, а сепак сѐ – уметничка идеолошка акција. Студирал филмска и театарска режија на Академијата за уметности во Нови Сад во класата на проф. Влатко Гилиќ а режирал во Народниот театар во Суботица. Во првата третина од 90-тите години, тој ги напуштил студиите и работата и со години живеел повлечено. Дипломирал во 2000 година, во класата на проф. Бора Драшковиќ и потоа повторно започнува интензивно да работи во театарот. Со поддршка на Сегединскиот МАСК и својот ансамбл (Ансамбл Андраш Урбан), почнува да креира независни театарски претстави. Од 2006 година е директор на унгарскиот градски театар „Деже Костолањи“ во Суботица. Тој е основач на меѓународниот театарски фестивал Desire Central Station. Режирал околу четириесет професионални претстави во Суботица, Ниш, Нови Сад, Белград, Сегедин, Битола, Љубљана, Берлин, Клуж, Варна, Марибор, Риека…. Неговите режии и претстави се наградени на бројни меѓународни фестивали во Србија, Хрватска, Унгарија и др.   Костими: Благоја Мицевски Драматург: Ведрана Божиновиќ Сценографија: Валентин Светозарев Автор на музика: Ирена Поповиќ   Улоги: Николче Пројчевски Борче Ѓаковски Иван Јерчиќ Соња Михајлова Сандра Грабовска Викторија Степановска   Претставата не се препорачува за лица помлади од 18 години. Времетраење: 1 час и 30 минути