Инфо

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ

Набавката на билетот подлежи на овие Правила и Прописи.

Влезници за настаните

Еден билет важи за едно лице.

Билетите за настаните организирани од НУ „Охридско лето“ Охрид, важат на денот на одржување на настанот. Купувачите нема да имаат право на рефундација или замена за неискористен билет за одржан настан.
Доколку го изгубите билетот, тој не може да биде заменет со нов. Посетителите треба да ги чуваат нивните билети од загуба или оштетување, како и злоупотреба.
Валидна е само базата на податоци за продадените билети што ја има НУ „Охридско лето“.
Секоја злоупотреба на билетите е казнива со закон.

Продажни места и начини на плаќање

Билетите за настаните организирани од НУ „Охридско лето“ Охрид, можат да бидат набавени во билетарниците на НУ „Охридско лето“: билетарница во дирекцијата и online на kupikarta.com и rurivo.com.
На денот на настанот, билети можат исто така да се купат на продажните пултови пред сцените.
При набавка на билетите, купувачот е должен да провери дали настанот, датумот, времето, локацијата, седиштето и цената се точни. Купувачот треба веднаш да пријави кај продавачот каква било грешка на билетот.
Набавката на билети на продажните места на НУ „Охридско лето“ може да се направи:
– во готово,
– со платежни кредитни и дебитни картички (прифаќање на сите картички VISA/MasterCard/Maestro).
Правните лица можат да нарачаат билети со исплата на про-фактура.
Прометот за реализирање на уметничката програма за Фестивалот „Охридско лето“ во 2025 година, е ослободен од ДДВ (член 23, точка 8 точка 8-а од Законот за данок на додадена вредност).

Резервации на билети

Резервации на билети е возможно само на емаил: tickets@ohridskoleto.com.mk или телефонскиот број +389 72 318 557.  При тоа мора да ги оставите Вашите податоци. Потврда за направената резервација ќе добиете на Вашиот емаил или телефонски број.
Вашата резервација ќе важи за определено време, до датумот на одржување на настаните за кои се резервирани билетите најдоцна до 15 часот.

Откажување, одложување, измена на настан

За откажани настани од страна на организаторот на купувачите ќе им биде вратен износот што тие го платиле за купување на билетот.
НУ „Охридско лето“ го задржува правото за промена на програмата на изведувачите, локациите и закажаните термини за почеток. Во случај на лоши временски услови доколку настанот се одржува на резервна локација и/или време, одложувањето на настанот ќе биде објавено најдоцна на денот на настанот на www.ohridskoleto.com.mk. Доколку терминот за одложениот настан не е во согласност со активностите на купувачот, билетите ќе бидат заменети со билети за друг настан или на купувачите ќе им биде вратен износот што тие го платиле за купување на билетот.
Рефундацијата ќе се врши од продажното место каде што се купени билетите, со претходно приложување на доказ за купување (отпечатен билет и фискална сметка).

Правила на однесување за време на настаните

Заради непречено одвивање на самиот настан, НУ „Охридско лето“ го задржува правото да забрани влез по почетокот на настанот. Препорачливо е доаѓање половина час пред почеток на настанот. Доколку посетителот задоцни и го приложи билетот по официјалниот термин објавен за почеток на настанот, и настанот е веќе започнат, организаторот може да не дозволи влез на тоа лице во салата на одржување на настанот. Исто така, при секое доцнење дури и да биде дозволен влез во салата – на лицето не му се гарантира дека билетот кој е нумериран со место за седење (блок, ред и место) е слободно и истото може да биде веќе пополнето од друг посетител.
Строго е забрането да се внесуваат животни, предмети што можат да послужат како проектили или оружја, пиротехнички материјали, отровни, експлозивни или запаливи супстанци, шишиња и алкохолни пијалоци. На посетителите им се забранува да внесуваат предмети кои наметнуваат политички пораки, или кои содржат комерцијални или маркетиншки белези со што се прекршуваат облигационите права на трети страни.
Забрането е пушење на гледалиштата.
Публиката треба да ги има исклучено мобилните телефони или другите звучни уреди кои можат да ја нарушат изведбата и да се воздржи од гласни коментари за време на настаните.
Во црквата „Света Софија“, како и во сите верски храмови, задолжително да се почитува кодексот на однесување и облекување.
Секој посетител на настаните ја презема одговорноста да ги почитува назначените Правила и Прописи. Влез може да биде одбиен на сите кои не се придржуваат на општите услови и го прекршуваат законот и редот. Лицата ќе бидат отстранети без право на надомест за билетот.

НУ „Охридско лето“ личните податоци ќе ги обработува во согласност со важечката легислатива за заштита на личните податоци.

БИЛЕТИ

ДАТУМ

СЦЕНА

НАСТАН

БИЛЕТ

РЕЗЕРВАЦИИ

 

 

   
     
     

Сабота, 12 јули 2025, 21 часот

Антички театар

Свечено отворање на Охридско лето 2025 „Трансформација на сетилата“ – Охридско лето

Блок B, блок C  2000 денари

Блок А и блок D 1500 денари

резервирај 

Недела, 13 јули 2025, 21 часот

 

Театарска претстава – Монодрама „Сите најубави нешта“ според Данкан Мекмилан – Охридско лето

400 денари

резервирај 

Понеделник, 14 јули 2025, 21 часотЦрква „Св. Софија“Лукаш Вондрачек – пијано, Чешка – Охридско лето600 денарирезервирај 

Вторник, 15 јули 2025, 21 часот

Црква „Св. Софија“

Квартет „Модиглиани“, Франција – Охридско лето

600 денари

резервирај 

Среда, 16 јули 2025, 19:30 часот

Црква „Св. Софија“

Гудачки квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук – Охридско лето

600 денари

резервирај 

Четврток, 17 јули 2025, 21  часот

Центар за култура „Григор Прличев“

Театарска претстава „12“ според мотиви на „12 Гневни мажи“ од Реџиналд Роуз – Охридско лето

400 денари

резервирај 

Петок, 18 јули 2025, 21 часот

Црква „Св. Софија“

Литванска вечер на музика и уметност
Пијано дуо: Рокас Зубовас и Соната Девејките – Зубовиене
Уметничка изложба: Репродукции на слики од Микалојус Контантинас Чиурлионис Охридско лето

400 денари

резервирај 

Сабота, 19 јули 2025, 21 часот

Црква Св.Софија

Ансамбл „Реј“, Турција – Охридско лето

600 денари

резервирај 

Недела, 20 јули 2025, 21 часот

Предворје на црквата Св.Софија

„Либертанго“ Концерт на оркестарот на ФАМЕ’С институтот – Охридско лето

600 денари

резервирај 

Понеделник, 21 јули 2025, 19:30 часот

Црква Св.Софија

Даниел Мyлер-Шот – виолончело, Германија – Охридско лето

800 денари

резервирај 

Вторник, 22 јули 2025, 21 часот

Црква „Св. Софија“

Лукаш Длугош- флејта, Полска Анжеј Јунгиевич – пијано – Охридско лето

400 денари

резервирај 

Среда, 23 јули 2025, 21 часот

 

Премиера на театарската претстава „Амадеус“ од Петер Шафер – Охридско лето

400 денари

резервирај 

Четврток, 24 јули 2025, 21 часот

Црква „Св. Софија“

Филхармоника Болоња, Италија – Охридско лето

800 денари

резервирај 

Петок, 25 јули 2025, 21 часот

Црква „Св. Софија“

Данае Доркен – пијано, Грција – Охридско лето

400 денари

резервирај 

Сабота, 26 јули 2025, 21 часот

Црква „Св. Софија“

Гудачки квартет на кралскиот Концертгебау Oркестар, Холандија – Охридско лето

800 денари

резервирај 

Недела, 27 јули 2025, 21 часот

Црква „Св. Софија“

Консонанс ансамбл „Мозаик“ – Охридско лето400 денарирезервирај 

Понеделник, 28 јули 2025, 21 часот

Црква Св.Софија

Емир Имеров – виолина, Македонија; Ваг Папиан – пијано , Израел – Охридско лето

300 денари

резервирај 

Вторник, 29 јули 2025, 17 часот

Црква Св.Софија

Концерт на камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски- Ѓумар“ , Македонија – Охридско лето

300 денари

резервирај 

Среда, 30 јули 2025, 21 часот

Црква Св.Софија

Загребски солисти, Хрватска – Охридско лето500 денарирезервирај 

Четврток, 31 јули 2025, 21 часот

Предворје на црквата Св.Софија

Концерт на Дамјан Пејчиновски-гитара, Македонија – Охридско лето

800 денари

резервирај 

 

 

   

Сабота, 2 август 2025, 21 часот

Долни Сарај

Детска театарска претстава „5+ Бенд концерт“ ОХО продукција – Охридско лето

200 денари

резервирај 

 

    

Понеделник, 4 август 2025, 21 часот

Црква „Св. Софија“

Роденден на НУ „Охридско лето“ – Охридско лето

1000  денари

резервирај 

Вторник, 5 август 2025, 21 часот

Центар за култура „Григор Прличев“

Театарска претстава „Принцезата Ксенија од Црна Гора“ – Охридско лето

400 денари

резервирај 

Среда, 6 август 2025, 21 часот

Црква „Св. Софија“

Јуе Гуангхуи-флејта; Ванг Веи-флејта; Аи Ву-мецо сопран; Уан Хоу-пијано, – Кина – Охридско лето

600 денари

резервирај 

Четврток, 7 август 2025, 21 часот

Црква „Св. Софија“

Џек Либек – виолина , В. Британија – Охридско лето

600 денари

резервирај 

Петок, 8 август 2025, 21 часот

Црква „Св. Софија“

Професионален хор „Св. Серафим Саров“, Србија – Охридско лето

300 денари

резервирај 

Сабота, 9 август 2025, 21 часот

Црква „Св. Софија“

Михаил Плетњов- пијано, Швајцарија-Русија – Охридско лето

1200 денари

резервирај 

Недела, 10 август 2025, 21 часот

Долни Сарај

Национален џез оркестар, Македонија Со Шеон Кути- саксофон, вокали, Нигерија – Охридско лето

800 денари

резервирај 

Понеделник, 11 август 2025, 21 часот

Црква „Св. Софија“

Луцеро Тена – кастањети, Шпанија Гзавије Де Местр – харфа, Франција – Охридско лето

600 денари

резервирај 

 

 

   

Среда, 13 август 2025. 17 часот

Црква „Св. Софија“Завршен концерт на семинарот по виолина предводен од Емилио Перцан, Македонија – Охридско летослободен влез 
     

Четврток, 14 август 2025, 21 часот

Црква „Св. Софија“

Вадим Глузман- виолина , Израел; Евгениј Синајски -пијано, Русија/Австрија – Охридско лето

600 денари

резервирај 

Петок, 15 август 2025, 20/22 часот

Центар за култура „Григор Прличев“

Проекција на 2 филма – Охридско летослободен влез 

Сабота, 16 август 2025, 21 часот

Црква „Св. Софија“

„Пијано Трио“ – Охридско лето

300 денари

резервирај 

Недела, 17 август 2025, 21 часот Премиера на тратарската претстава „Рута“ во продукција на Драмски театар, Македонија – Охридско лето400 денарирезервирај 
     
Вторник, 19 август 2025, 21 часотЦрква „Св. Софија“„Моушн трио”- трио хармоники, Полска – Охридско лето600 денарирезервирај 
Среда, 20 август 2025, 21 часотДолни СарајСвечено затворање на фестивалот Театарска претстава „Електра“ од Сашо Димовски – Охридско лето

400 денари

резервирај 
     
     
     
     
     
     
     

СПОДЕЛИ