СООПШТЕНИЕ: Заради најавата за дожд, претставата „Самрак на боговите“ ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“

Театарската претстава „Самрак на боговите“ во продукција на СНГ Драма од Марибор, Словенија наместо на сцената „Долни Сарај“  каде што беше предвидена, ќе се одигра во центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот.

Причината за промената на локацијата, е најавата за лоши временски услови во текот на вечерта.

„Самрак на боговите“  во режија на Далибор Матиќ, е претстава што зборува за  сппротивставеноста на политиката и интимните манипулации, особено во поглед на меѓучовечките односи.