Националната установа „Охридско лето“ упатува благодарност до Организацијата за турска култура во чии рамки работи Младинскиот камерен оркестар „Турксој“ кој синоќа настапи на фестивалската сцена.
Признанието е само едно од низата кои ги красат витрините на дирекцијата на „Охридско лето“, кое во своето 57-годишно постоење работи на промоција на културата и ги носи најзвучните, но и најквалитетните уметници од сите земјени меридијани.
-Продолжуваме да ја градиме успешната фестивалска приказна и веднаш по завршувањето на годинешното фестивалско издание ќе започнеме со подготовките за следното, велат од менаџментот на Националната установа „Охридско лето“.