ЗВУК ШТО РАСТЕ; 40 ГОДИНИ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР НА МММ „САША НИКОЛОВСКИ ЃУМАР“

ЗВУК ШТО РАСТЕ

40 ГОДИНИ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР НА МММ „САША НИКОЛОВСКИ ЃУМАР“

Диригент: Иван Еминовиќ

 

Оваа година Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија го слави својот 40-годишен јублиеј. Основан е како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во 1986 година во Охрид, повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука Мартиненги, Елена Митревска и Иван Еминовиќ.

Како признание за постигнатите резултати, во 1995 година оркестарот беше поканет и одржа концерт во Будимпешта по повод 50-годишнината од основањето на Светската федерација на музичка младина.

Оркестарот има остварено повеќе од 100 концерти добивајќи голем број позитивни критики и признанија, а на неговиот репертоар покрај делата од светската класика, свое место наоѓаат и делата на современите македонски композитори.

Веќе 40 години завршниот концерт на летната сесија на оркестарот е дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, а во последните  години и на фестивалите „Скопско лето“ и „Битолско лето“. Од 2018 година оркестарот го носи името на македонскиот диригент Саша Николовски-Ѓумар.

 

Иван Еминовиќ – диригент 

 

Иван Еминовиќ е роден во Скопје. Музика започнува да изучува на 6-годишна возраст, на одделот по пијано во Нижото музичко училиште, а потоа своето средно образование го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. На ФМУ во Скопје се запишува на одделот за оркестарско диригирање во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар, каде во 2010 година дипломира со концерт во чест на проф. Коста Трпков, истовремено здобивајќи се со наградата на фондацијата „Томислав Зографски“ како најдобар студент на одделите за диригирање, композиција, музикологија и музичка теорија и педагогија. Во 2012 година магистрира со почести на истиот оддел, со операта „Рита“ од Гаетано Доницети.

Како пијанист одржал бројни концерти низ Македонија и во странство и добитник е на повеќе државни и меѓународни награди и признанија. Во јули 2018 година диригира со Сараевската филхармонија по повод отворањето на фестивалот „Башчаршиски ноќи“ во Сараево. Во неговото диригентско портфолио се вбројуваат повеќе продукции на Националната опера и балет, меѓу кои: „Травијата“, „Набуко“, „Дамата со камелии“, „Кармина Бурана“, „Севилски бербер“, „Кавалерија Рустикана“, „Жизел“, „Риголето“, „Евгениј Онегин“, „Адријана Лекуврер“, „Дон Џовани“, „Турандот“, „Реквием“ од Моцарт, како и многубројни концерти.

 

Програма:

 

Властимир Николовски: Стари танци

  1. Rigaudon en rondeaux
  2. Rondeau

III. Rondeau

  1. L’amusante – Rondeau
  2. Menuet – Rondo
  3. Ballet

VII. Musetta

 

Бете Илин: „ Доне “ за хармоника и оркестар

солист: Христијана Матеска, хармоника

 

Пајдушко оро

Обработка на народно оро: Дамир Имери

 

Дамјан Темков: Адаџо за Ана

 

Бете Илин: Лумин за виолина, пијано и гудачки оркестар

солист: Памела Велкова, виолина

Иван Еминовиќ, пијано

 

 

Македонска свита

Обработка за народни песни: Иван Еминовиќ

 

Драган Шуплевски: Македонско капричо бр. 1

  • 00

    days

  • 00

    hours

  • 00

    minutes

  • 00

    seconds

Date
28 Јул 2026
Time
21:00
Cost
MKD200.00
Labels
музичка програма
Location
Црква Св. Софија
Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *