Сонг Сихенг, пијано (Кина)

Сихенг Сонг – пијано

Кинескиот пијанист Сихенг Сонг е роден во Шангај во 1981 година и се смета зa еден од најдобрите пијанисти на неговата генерација. Студирал во Франција на Високата школа за музика во Париз во класата на Маријан Рубицки, а откако се стекнал со диплома за концертен пијанист, продолжува да студира на Парискиот конзерваториум со Оливие Гардон и приватно се усовршува со Доминик Мерле.

Сихенг Сонг е добитник на награди на Меѓународниот натпревар во Мароко,  „Висеу“, на натпреварот во Португалија, на конкурсот „Гран при Анимато“, како и на натпреварите во Лидс и во Даблин. Тој е прв победник од кинеска националност на престижната награда на конкурост „Лонг-Тибо“ во 2004 година. Овие признанија му носат на Сихенг Сонг бројни можности за настапи низ целиот свет, и тоа во:  Токио, Сеул, Пекинг, Шангај, Париз, Берлин и Њујорк. Настапува на фестивалите „Рок Антерон“ во Франција, фестивалот во Рур, Германија, Фестивалот „Бетовен“ во Бон, и фестивалот во Душники во Полска. Како солист со оркестар настапува со голем број оркестри во Франција, како и со оркестрите во Монте Карло, со Оркестарот „Хале“ во В. Британија, со Камерниот оркестар во Виена, со Кинеската филхармонија, со Филхармонијата во Хонг Конг и Новата jапонска филхармонија.

Сихенг Сонг бил член на жирија на повеќе натпревари, а бил и најмлад резидентен уметник на Шангајскиот Гранд театар. Од 2010 година тој започнува со нов тип на концерти во кој го комбинира стандардниот рецитален формат со мултимедија и досега има направено 5 такви проекти во кои прави спој на музиката и театарот, уметноста и литературата што придонесува кон доближување на класичната музика кон публиката на 21 век.

 

Програма:

 

К. Дебиси: Месечева светлина (од Свита бергамаск L.75)

 

В. А. Моцарт: Соната за пијано бр. 16 во C-dur, K.545

-Allegro

 -Andante

 -Rondo: Allegretto

 

Пејжун Чен: Есенска месечина врз мирното езеро

 

Сихен Сонг: Избор од Клавирски поеми од Земјата оп. 2

Light of the City of Shanghai

Nocturne

Étude

 

Ф. Шопен: 24 Прелудиуми оп. 28

  • 00

    days

  • 00

    hours

  • 00

    minutes

  • 00

    seconds

Date
12 Авг 2026
Time
21:00
Cost
MKD600.00
Labels
музичка програма
Location
Црква Св. Софија
Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *