Театарска претстава „Кротењето на опаката“ од Вилијам Шекспир

Режија: Викторија Шевченко
Изведба: Киевски академски регионален музички и драмски театар „П.К. Саксагански“ – Киев, Украина

 

Киевскиот академски регионален музички и драмски театар именуван по П.К. Саксагански е најголемиот и најстар театар во регионот на Киев. Основан е во 1934 година. И покрај академското име, Академскиот театар за музика и драма е многу иновативен. Денес Киевскиот академски регионален музички и драмски театар сè уште продолжува пријатно да изненадува со маестрални изведби. Репертоарот на театарот вклучува многу изведби на дела од странски и домашни класици (Шекспир, Оскар Вајлд, М. Кулиш, И. Франко итн.) како и различни дела од современи писатели и композитори. Репертоарот вклучува околу 75 изведби и концерти. Еден од најпопуларните проекти е претставата „Кротењето на опаката“ од Вилијам Шекспир во продукција на талентираната и млада режисерка Викторија Шевченко. Режисерката додаде нови бои и слики на сцената, со кои блесна поемоционално и пошироко. Светлите костими и извонредната театарска шминка прецизно го пренесуваат карактерот на целата продукција.

Дејството се одвива  околу Кетрин (Кејт), ќерката на Баптиста и нејзината сестра – Бјанка. Кетрин нема додворувачи затоа што не е конвенционално привлечна, туку посериозна, таа е озлогласено итра и изгледа дека ги мрази мажите. Така на кој било маж тешко му е да се справи со неа. Бјанка е слатка, природна и убава, но не може да се омажи пред постарата сестра да го стори тоа. Петручио е господин од Верона кој се согласува да се ожени за Кетрин поради нејзиното големо богатство.  Дејството во претставата  се одвива токму кон напорите за нејзиното скротување. Оваа претстава е една од најпопуларните низ целиот свет. Во голема мера поради темите кои се однесуваат на скротувањето на опакоста (брак, обврски, идентитет, семејство), и со тоа претставата доживеа голема популарност низ годините, иако е тешко да се следи точната историја на нејзината изведба.

 

Викторија Шевченко е родена на 27 април 1992 година. Таа е украинска театарска режисерка и кураторка. По студирањето на Киевскиот национален универзитет „ И.К. Карпенко – Кари“ за театар кинематографија и телевизија, ја започнала театарската кариера. Во 2013 година, Викторија Шевченко ја организира и менаџира драмската претстава „Не допуштајте му да љуби две одеднаш…“ според претставата на М.Старицки, „О, не оди, Грица“ како нејзин дипломски проект. Оваа претстава се здобила со признанија и била изведувана неколку години на различни сцени. Во тој период  ја гледале бројни интелектуалци и активисти. Во 2016 година Шевченко започнала да работи како уметнички директор на Киевската палата за деца и млади. Во 2018 година, започнува со работа во Киевскиот регионален театар за музика и драма именуван по П.К. Саксагански, како режисерка. Во 2019 година, Викторија ја постави драмската претстава „Кротењето на опаката“ од В. Шекспир. Од 2020 година работи како режисерка во „Украинскиот академски музички и драмски театар  М.Кропивницки“. Меѓу нејзините позначајни дела покрај горенаведените се: „Ромео и Јулија“, „Алиса во земјата на чудата“, „Тие“, според претставата на М.Стефаник, „Наталка Полтавка“ според делото на Иван Котлиаревски, „Вујко Вања“ според  Антон П. Чехов.

 

Улоги:

Винсентио – Всеволод Шекита

Баптиста Минола- Роман Вдовика

Транио- Владислав Дубинин

Вдовицата – Свитлана Лановенко

Петручио- Владислав Красиков

Кетрин Минола- Мархарита Овчарова

Хортенцио- Борис Пономаренко

Лучентио- Руслан Таран

Бјанка Минола- Анастасија Карабуха

Хремио-  Јевхен Тодоракин

Слугите:  Олексеj Алмаз, Микола Холовчак, Валериј Воитов, Олександр Самојленко и Дмитро Купреичук

 

Режија: Валентина Шевченко

Сценограф – Олексиј Слиесарчук

Костимограф- Валентина Рипенко

Претставата трае:  2 часа 30 минути.

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

Авг 01 2022

Време

21:00

Цена

MKD300.00

Категорија

музичка програма
Предворје на Св. Софија

Локација

Предворје на Св. Софија
ukraina

Organizer

ukraina

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.