Ден: д.м.г

Украинските актери се запознаа со убавините на  Охрид

Фестивалот „Охридско лето“ и годинава го продолжи проектот,  запознавање на уметниците со древниот Охрид, преку прошетка со  туристички водич. Актерската екипа од Киевскиот академски регионален музички и драмски театар „П.К. Саксагански“ од Украина, се запозна со културно-историските споменици во Охрид. Прошетаа во Стариот дел на Охрид, ја посетија црквата Света Софија, уживаа во  старата автентична градска архитектура. ја …

Украинските актери се запознаа со убавините на  Охрид Read More »

Шекпировата  „Кротењето на опаката“ со украинските актери ја отвора интернационалната драмска програма на „Охридско лето“

Театарската претстава „Кротењето на опаката“ од Вилијам Шекспир, во режија на Викторија Шевченко, а во изведба на Киевски академски регионален музички и драмски театар „П.К. Саксагански“  од  Украина ќе биде прикажана вечерва како дел од драмската програма на годинешното 62-ро издание на фестивалот „Охридско лето“. Две и пол часовната претстава ќе се одигра во Предворјето на црквата …

Шекпировата  „Кротењето на опаката“ со украинските актери ја отвора интернационалната драмска програма на „Охридско лето“ Read More »

Рецензија кон концертот на Кристијан Каровски и Мими Дучева: Концертна вечер со композиции за четирирачно пијано

Ретки се случаите, на концертниот подиум да имаме можност да проследиме заеднички настап, во рамноправна улога, на ментор и студент. Токму таква прилика, со концертот на пијано дуото Кристијан Каровски – Мими Дучева, ни овозможи фестивалската програма на 62. „Охридско лето“. Кристијан Каровски, по повеќегодишната педагошка и концертна дејност, афирмирајќи се како респектиран пијано педагог …

Рецензија кон концертот на Кристијан Каровски и Мими Дучева: Концертна вечер со композиции за четирирачно пијано Read More »

Возвишен оперски артизам на Ѓиновска –Илкова и Цуцковски

Во прекрасниот и акустичен амбиент на црквата „Света Софија“ вчеравечер моќно одекнаа гласовите на познатата оперска певица Весна Ѓиновска-Илкова и на тенорот Ѓорѓи Цуцковски кои настапија во пијано придружба на една од најталентираните македонски млади пијанисти Кристина Светиева. Двајцата извонредни оперски пејачи  со восхитувачка емотивна интерпретација изведоа дела од  германски, италијански , француски и руски композитори. – …

Возвишен оперски артизам на Ѓиновска –Илкова и Цуцковски Read More »