Украинските актери се запознаа со убавините на  Охрид

Фестивалот „Охридско лето“ и годинава го продолжи проектот,  запознавање на уметниците со древниот Охрид, преку прошетка со  туристички водич. Актерската екипа од Киевскиот академски регионален музички и драмски театар „П.К. Саксагански“ од Украина, се запозна со културно-историските споменици во Охрид.

Прошетаа во Стариот дел на Охрид, ја посетија црквата Света Софија, уживаа во  старата автентична градска архитектура. ја слушнаа вековната приказна испреплетена со богата историја, култура и традиција на градот под заштита на Унеско.

Беа воодушевени од богатото културно и природно наследство на Охрид.

-За прв пат сум во Охрид, прекрасно е. Многу ми е драго што имавме ваква можност, гостувајќи на фестивалот,  да имаме и прошетка со туристички водич,  да се запознаеме со културата и историјата, рече Маргарита Овчарова.

-„ Благодарен  сум на фестивалот Охридско лето за оваа прилика да ги запознам уникатните вредности на убавиот град. Многу ми е жал што немаме повеќе време да останеме тука подолго, но сигурно ќе дојдеме повторно “, рече актерот Владислав Красиков.

Воведувањето прошетки со туристички водич за уметниците на фестивалот Охридско лето од пред три  години се покажа како успешен проект, преку кој се врши силна промоција на културно- историското богатство на Охрид.